„Имаме квака 22 ситуација: носењето на уредот кој може да ти помогне подобро да ја менаџираш твојата хронична срцева состојба, те прави поанксиозен - што пак е лошо за сите тие состојби,“ пишува Конверсејшн коментирајќи ги резултатите од студијата објавена во Журналот на американската срцева асоцијација.
Уредите за носење се повеќе доминираат како една од мерките за следење и откривање на атријална фибрилација (аритмија), која главно се јавува кај лица над 55 години. Кај оваа дијагноза важно е пациентот постојано да ја следи и да ја менаџира како би се подобрил квалитетот на живот и би се спречиле компликации.
Луѓето со ова заболување во исто време имаат и висока анксиозност која се должи на болеста. Уредите што тие ги носат им даваат константи податоци за ритамот и отчукувањето на срцето, и за откривање и регистрирање на епизодите на атријална фибрилација.
Новата препорака е дека пациентите што ја следат својата состојба на вакви уреди, тоа треба да го прават со умереност, односно да не зјапаат постојано и да се навлечат на бројките за и најмалите промени да не почнат да влијаат на нивниот стрес.
Во студијата објавена во журналот, речиси половина од испитаниците кои ги користеле овие уреди за следење на својата состојба биле повеќе загрижени околу своите симптоми и третман, за секој пети имал „интензивна анксиозност“.
Тука проблем е што хроничната анксиозност може да придонесе кон стресот, истрошеноста и лошата физичка состојба, која за возврат може да го влоши срцевите проблеми.
Некои луѓе, по свои зборови објасниле дека се чувствуваат дека се „затвореници на бројките“ и имале потреба „постојано да го проверуваат уредот за да знаат како им е, па уредот почнал да доминира со нивните животи.“