Bookbox

Многу пред автоматите за кафе и „паметните“ градови, Лондон експериментирал со улични светилки што, покрај осветлувањето, нуделе топли пијалаци, цигари, разгледници, па дури и директна телеграфска врска со Скотланд Јард.

Од Бил Козби и Опра Винфри до Даниел Редклиф и Стивен Хокинг – повеќе од 180 познати личности позирале со омилената книга во раце, во кампања на Американското здружение на библиотекари што трае веќе четврт век, а која порачува нешто едноставно: читајте.

Букбокс гледаше: „Саканиот“ (2026) или кога со скриени камери ќе ја снимиш првата средба на актерите кои добиле различно сценарио

Филм кој е омаж на филмските професии, особено на актерите. Ова го покажува почетната сцена во која режисерот Родриго Сорогоjен ги ставил Хавиер Бардем и Викторија Луенго пред камера како татко и ќерка што одамна се отуѓиле, без притоа да ги запознае. Од таа непријатност — од обидот да се воспостави близина без однапред изградена актерска хемија — стигнал до поголемите теми на филмот.

Репортажа од Варшавскиот филмски фестивал, ден последен: Вајдскрин е добар само за змии и погреби

Критичарите се крвопиите на индустријата. Никој не нѐ сака. Уште Волтер пишува за овие пијавици кога Кандид ќе стигне во Париз. Ама некој мора да го прави тоа, а и јас се декларирам како филмолог.

Солта наша насушна

Ја користиме без да размислуваме за неа, но поради неа се граделе градови, се отворале рудници, се создавале трговски патишта и политички монополи. Изложбата „Сол: дизајнерска приказна“ во Музејот за дизајн во Атланта ја раскажува историјата на цивилизацијата преку еден од нејзините најобични, но и најважни материјали.

Koга Бертранд Расел го сретна Ленин

Во 1920 Расел отпатувал за Русија како убеден комунист. Но по кратко соочување со практичното спроведување на таа идеологија малку се премислил.

Што имаат славните во нивните библиотеки?

„Домашната библиотека е прозорец кон душата на нејзиниот сопственик“, вели стандардната изрека. Онлајн интервјуата од дома на некои од славните личности откриваат што имаат во нивните збирки.

Сајт на денот: лексикон на странски сликари во Македонија 1850-1950

„Во текот на работните денови и во работното време, Влатко Милошевски е професионалец во областа на електрониката и компјутерските науки“. Вака гласи почетокот на рубриката „За авторот“, на сајт кој претставува дел од нашата историја на уметност.

Средовековната епидемија на „лудо танцување“

Јуни 1374. Во денешен Ахен, Германија, празникот Св. Јован Крстител требало да се прослави вообичаено, како ден за одмор и молитва. Но наместо тоа, најпрвин во мали групи, а потоа масовно, луѓето почнале да играат како да се на техно журка.

Португалски писатели соработуваат на карантински роман

Повеќе од 40 португалски автори се пријавиле заеднички да пишуваат роман, поглавје по поглавје, а паралелно тече и преводот на неколку јазици.

Маргарет Атвуд: „Ова се најдобрите времиња, ова се најлошите времиња“

Како дел од серија текстови кои ги објавува списанието Тајм за тоа како коронавирусот ни ги менува животите, размислувањата на авторката на „Приказната на слугинката“ и добитничка на Струшкиот венец за поезија во 2016.

„Проблематичната“ (System Crasher, 2020)

Подгответе се за вознемирувачка приказна, со френетично детско викање (кое можеби ќе треба често да го ставате на ’мјут’), агресија и солзи. Но и покрај сето ова, филмот вреди да се погледне, и тоа поради најмалку две причини.

Дилемата на ежот: клетвата на социјалното дистанцирање

Не мислиме на физичко дистанцирање од 2 метра. Мислиме на емотивната дистанца на која сме осудени, доколку не сакаме да бидеме повредени од „боцките“ на другите луѓе.

Македонски прирачник од 1952 за важноста на нужниците

Речиси секојдневно добиваме сугестии, линкови и материјали за објавување, но ретко толку сочни колку овој.

Правилосоздавачи и правилокршачи: теоријата на „стегнати“ и „лабави“ култури

Зошто азиските земји подобро се справуваат со пандемијата споредено со европскиот Медитеран? И во сама Европа постојат големи разлики. Можеби објаснувањето не е во политиката или медицината туку во - културата.

Лажните Битлси кои ја измамиле (но и воодушевиле) Јужна Америка

Во 1964 јужно-американските фанови со нетрпение го очекувале пристигнувањето на „фамозната четворка“. Само што овие не биле Џон, Пол, Џорџ и Ринго, туку Том, Вик, Бил и Дејв.

Пареидолија или кога препознаваш слики во случајни нешта

Кога компир изгледа како мапа на голема Македонија. Или, поактуелно, кога облак делува како модел на коронавирус. Ако гледате ликови и познати форми насекаде, тогаш искусувате нешто што во минатото се сметало за симптом на психоза, а денес за нормална човечка тенденција, која може да е и сигнал на висока креативност.

Насим Николас Талеб: Пандемијата не е „црн лебед“!

Teрминот воведен од либанско-американскиот статистичар и аналитичар на ризици Насим Николас Талеб често се спомнува деновиве како соодветен за опис на она што ни се случува. Ама наместо да се радува, самиот Талеб е резигниран, затоа што e погрешно разбран.

Дали и вие имате необични соништа деновиве?

Малку време требаше да помине од пандемијата, па луѓе низ целиот свет да почнат да известуваат дека нивните соништа станале поживописни, побизарни од обично. Истражувачите се обидуваат да објаснат зошто.

Што може да научиме од Даниел Дефо во врска со КОВИД-19?

Пред повеќе од 300 години во Лондон владеела чума. Најчесто цитиран книжевен „документ“ во врска со овој период е „Дневник на годината на чумата“ од Даниел Дефо, истиот оној што ја напиша „Робинзон Крусо“.

Актерката која се онесвестувала при погледот на скулптурите од Партенон

Во своето време - 18 век - Сара Сидонс со право можела да се нарече „селебрити“. Нејзина специјалност биле трагедиите, а најпозната улога онаа на лејди Магбет. Со нејзиното име се врзува и една урбана легенда, за ефектот што едно уметничко дело може да го има врз кревката човечка психа.

Бргу ќе заборавиме како е да се живее во изолација

Нормално е ненормалното да се потисне во меморијата, за да може да се живее понатаму. Така било низ историјата, така ќе биде и сега. 

Културна историја на бидето

Трагајќи по интересни теми го пронајдовме подкастот Stuff You Should Know и епизода посветена на еден подзаборавен елемент на бела техника, кој станува актуелен во време на тоалет хартија паника.

Не плукај!: пандемиски постери низ историјата

Пред интернет, информациите од јавен карактер, па и оние за заразни болести, биле пренесувани преку еден фундаментален графички медиум: постерот.

Како Луј Армстронг ја преживеал епидемијата на грип од 1918

Во животот се изнагледал трагедии, па сепак успеал да ја направи најоптимистичната песна на светот, What a Wonderful World. Епидемијата која ја доживеал како 17-годишник на некој чуден начин не го закачила.

„Звукот на тишината“ (2019)

Полициски час во нешто што би требало да биде спокојна претпразнична сабота. Но затекнати од необичната тишина, комшиите зборуваат на за нијанса повисок тон, и пуштаат гласна музика. Наместо благословена нуспојава, тишината во овие моменти за многумина станува морничаво memento mori.

„Шит, ќе умрам, а не го прочитав Гилгамеш“

Ниту една статистика, графикон или новинарски текст не може да се спореди со лично сведоштво на некој кој заболел од Ковид-19 и (фала богу) преживеал за да раскаже. Наш читател кој живее во САД се согласи да го објавиме неговиот дневник, со делумно променети имиња. Бесен, уплашен, грижлив, оптимистичен - ова е текст кој што е пред сè искрен и многу човечен поглед кон новата реалност која ја опишува.

Фестивал на јадење книги бр. 10 (виртуелно издание)

Оние кои барем еднаш биле на нашиот традиционален фестивал во „Пепер“, секоја година во април, знаат колку забавно и креативно си поминуваме. За жал јубилејното, десетто издание, мораме да го одбележиме само онлајн. Но темата ни е соодветна.

Почина ексцентричниот музички продуцент Хал Вилнер

При крајот на март известивме за првата жртва на вирусот помеѓу музичарите, џезерот Ману Дибанго. За жал списокот во меѓувреме се прошири, а го вклучи и човекот кому сега му оддаваат почит Ник Кејв, Том Вејтс, Елвис Костело и целата екипа на SNL, со кои работеше четири децении.