Bookbox

Од Бил Козби и Опра Винфри до Даниел Редклиф и Стивен Хокинг – повеќе од 180 познати личности позирале со омилената книга во раце, во кампања на Американското здружение на библиотекари што трае веќе четврт век, а која порачува нешто едноставно: читајте.

Драга Ѓаконовски-Шпато (1931-1987), основоположник на македонската забавна и џез музика, има улица во Дебар маало. Но до скоро немаше едно место на кое можеа да се најдат неговите попознати и помалку познати дела. Еден ентузијаст „сас своите десет прсти“ го направи тоа за нас. 

Репортажа од Варшавскиот филмски фестивал, ден последен: Вајдскрин е добар само за змии и погреби

Критичарите се крвопиите на индустријата. Никој не нѐ сака. Уште Волтер пишува за овие пијавици кога Кандид ќе стигне во Париз. Ама некој мора да го прави тоа, а и јас се декларирам како филмолог.

Солта наша насушна

Ја користиме без да размислуваме за неа, но поради неа се граделе градови, се отворале рудници, се создавале трговски патишта и политички монополи. Изложбата „Сол: дизајнерска приказна“ во Музејот за дизајн во Атланта ја раскажува историјата на цивилизацијата преку еден од нејзините најобични, но и најважни материјали.

Букбокс гледанка: „Тензинг“ или приказната за шерпасот (2026)

Филмот на Џенифер Пидом ја враќа заслугата на Тензинг Норгај, алпинистот чие знаење за планината и извонредните вештини биле клучни за историското искачување на Монт Еверест во 1953 година. На моменти преромантичен и предвидлив, тој во себе сепак ја вклучува важната дискусија за британскиот (и секаквиот) империјализам и луѓето во сенка што ја овозможувале неговата моќ.

Букбокс гледаше: „Шевалие“ - приказната за заборавeниот црн маестро (2023)

Во „Амадеус“ на Милош Форман, Салиери е гневен поради божествениот талент што му е доделен на „вулгарниот“ Моцарт. Во оваа биографска драма ситуацијата е обратна, Амадеус е засенет од ривал кој подоцна ќе биде нарекуван „црниот Моцарт“.

Најголемата измама во олимписката историја

Во 1956, воочи летната Олимпијада во Сиднеј, околу 3000 тркачи го носеле Олимпискиот оган низ Австралија. Но една група студенти решила да протестира против ваквата парада, поради нејзината поврзаност со нацизмот.

Првото селфи во историјата

Во 2013 Оксфордскиот речник на англиски јазик соопшти дека „селфи“ е прогласен за збор на годината. Но обидите да се регистрира сопствениот лик низ фотографскиот медиум се многу постари од тоа.

Како започнала традицијата на читање книги на плажа?

Поголем број навики кои ги поврзуваме со топлите месеци можат да се трасираат до 19 век, кога индустријализацијата и напредокот во транспортот ги поставило основите за летен одмор онаков каков што го знаеме денес. 

Дали може вревата од спортските настани да биде претворена во струја?

Тинејџерка која ја користи гаражата на нејзините родители за експерименти, последниве неколку месеци се обидува да конвертира вибрации произведени од звучни бранови во спортски арени во струја. Била инспирирана од филмот „Чудовишта“ на Дизни каде енергијата се добива од врисоците на деца. 

Без сатира сме при очи слепи

Наша теорија за битката на Беласица е дека она што се случило по неа со војниците на Самоил всушност било превентивно вадење едно око, за еволутивно Македонецот никогаш да не стекне амбиции за трето. Ама заборавиле на внатрешното око, она севидечкото, кое не само што гледа, туку и прекорно суди. 

Единственото интервју што Бекет го дал по добивањето на Нобеловата во кое не кажува ни збор

Авторот на „Последната лента на Крап“ и „Чекајќи го Годо“ е познат по експериментирањето и апсурдноста. Но изгледа ваквите принципи не ги применувал само во пишувањето, туку и во животот. 

Букбокс гледаше: „Сенката на командантот“ (2024)

Документарен филм, достапен на ХБО, кој е најдобро да се гледа пред или по оскаровецот „Зона на интерес“. И кој, ако е тоа воопшто можно, му дава дополнителна тежина. 

Вештачка интелигенција одбива да пишува во стилот на контроверзниот Уелбек

Вештачката интелигенција е онолку „паметна“ колку што се вредностите, ставовите, податоците на кои е обучувана. Ако се храни со политичка коректност од рака на цензор, така и ќе се однесува. Наместо ангажирана политичка проза ќе понуди романтични зајдисонца. 

Ѕвездата на тенисот кој го преживеал Титаник и го освоил олимпиското злато, токму во Париз

Да, Новак Ѓоковиќ е мајстор со освојувањето на златниот медал на 37 години. Но приказната за еден друг тенисер содржи многу поекстремни детали, кои од него прават вистински тениски херој.

Mачешки клавир: суровиот инструмент кој требало да помогне во третирање психијатриски пациенти

Запознајте го суровиот начин на произведување пеколни звуци. Инструмент кој не ни бил наменет за создавање музика, туку бил измислен за да можат да го употребуваат психијатри. Предупредување: самото замислување на малтретирани мачиња може да предизвика траума. 

Генераторот на љубовни писма што го предвидел Чет ЏПТ

Алан Туринг и Кристофер Стречи создале револуционерна компјутерска програма која овозможувала да се генерираат и испраќаат родово неутрални интимни писма, кога јавното искажување на хомосексуалната љубов била сметана за криминал.

Австралиската писателка и активистка што живеела во кула на Халкидики

Ако летово го поминувате на Халкидики или некаде во близина, направете еден излет до Уранополи на третиот крак - последната станица на аџиите кои одат на Света Гора. На брегот на живописното гратче има кула, внатре музеј и приказна за брачниот пар од Австралија кој живеел тука, помагајќи му на локалното население.

Приказната зад „Химна на љубовта“ - песната на Едит Пјаф која ги отвори Олимписките игри

„И небото нека падне во морето/И ѕвездите нека се угаснат околу мене/Ќе испеам химна на љубовта/за времето што го поминавме заедно“. Вака гласат стиховите на прекрасната песна на Едит Пјаф, посветена на нејзина голема љубов чиј живот згаснал прерано, со тоа прекинувајќи ја и нивната врска. 

Тркачката што со „иле“ го променила правилото дека жени не смеат да трчаат маратон

„Жените не се физиолошки способни да истрчаат маратон“. Овие зборови ги добила Роберта Боби Гиб како одговор на нејзиното барање за официјална регистрација на Бостонскиот маратон во 1966. Така ли? - помислила жената која во тој момент била способна ко ништо да истрча 60 километри во еден здив.

Букбокс гледаше: „Јас сум Селин“ (2024)

Настапот на Селин Дион на отворањето на Олимписките игри беше брилијантен сам по себе. Но тој добива на уште поголема тежина ако се знае (и ако со свои очи се види) како изгледала предиграта на овој голем настан, со оглед на нејзината борба со реткиот невролошки синдром, кој погодува 1 на милион луѓе. Овој документарец го овозможува тоа, со надеж дека ќе ја зголеми свеста за ваквите нарушувања и кај оние што не можат да си ја дозволат најдобрата нега на светот. 

„Каде ви е храброста?“ - малку познатата борба на Џони Кеш

Во 1964, Џони Кеш издал теаматски албум под наслов „Горчливи солзи: балади на американскиот Индијанец“. Веднаш се соочил со цензура поради залагањето за домородците. Ама па и не останал должен.

Кој е Томас Жоли, режисерот на отворањето на париската Олимпијада?

Реакциите по завчерашната свечена церемонија на отворањето на летните Олимписки игри во Париз не стивнуваат. Провокативна, за некои дури и контроверзна, логистички прекомплицирана (плус дождот), таа со сигурност долго ќе се памети. Но кој е човекот зад целиот проект?

Букбокс друштвени игри: „Кутна Хора“ или како да развиваш ментални мускули копајќи сребро (и пиејќи пиво)

Локацијата е Чешка, времето среден век, а некако логично на ова, помеѓу шесте ресурси кои можат да се собираат и да носат поени има и месо (веројатно колбаси) и пиво. Ова е истовремено прва игра која за некои од елементите користи рециклирано дрво. Прочитајте повеќе во освртот на Стефан.

И спортистите се луѓе: стимулативна историја на користењето бесплатни кондоми на Олимпијадите

Покрај сите организациски, безбедносни и логистички предизвици, секоја Олимпијада се соочува и со фактот дека многу луѓе на едно место можат, меѓу другото, да имаат секс. Организаторите на најновата во Париз објавија дека обезбедиле дури 300.000 од нив. Голем чекор од Токио и Пекинг во време на пандемијата и поинакви брисеви, но не изненадувачки во однос на историјата на користењето кондоми низ историјата на Олимписките игри. 

Џејмс Бонд не бил таен агент туку - птичар!

Бил најзначајниот орнитолог - експерт за Карибите во 20-тиот век. Неговиот прирачник за птиците од овој дел од светот бил исто толку неопходен за птичарите колку и двогледот и кремата за сонце. Она што е помалку познато е дека Јан Флеминг го нарекол својот таен агент токму по овој лик, крадејќи го неговото име. Како извинување му дозволил да го користи неговото, за именување на некој „ужасен“ вид птица. 

Џонатан Свифт не бил само автор на „Гуливеровите патувања“ туку и основач на систем на микро-кредити за сиромашните

Tри години откако го напишал своето капитално дело - сатира на патеписната литература од почетокот на 18 век - Свифт напишал критички есеј под наслов „Скромен предлог“ во кој предложил сиромашните од Ирска да си ги продаваат децата како храна на Британците за да преживеаат. Но наместо да остане на „хехенца“, славниот автор презел и некои поконкретни чекори за да ги извлече своите сограѓани од мизеријата. 

Мравја хирургија: прв регистриран случај на ампутација што не е изведена од човек

Изминатата недела не беше богата само со вести од политиката, воените жаришта и спортот. Имаше нешто и од науката, и тоа поврзана со суштества на кои вообичаено не им се придава големо значење. На пример тоа дека мравки знаат да дијагностицираат проблем помеѓу своите и да го решат со животоспасувачка ампутација, за да не се инфицира целото тело.