Пред четири години, на 2 август 2020, започна аудио подкастот „Обични луѓе“, со 4 епизоди посветени на Шерафедин Керим Ферхат, попознат како Чекушот.
Од тогаш до денес многумина пишаа инспирирани од приказната, додавајќи или одземајќи нешто од неа. Токму пред Илинден, возејќи се во рено-сеник со белградска регистрација по краците на Халкидики, неочекувано слушнавме композиција за виолончело и кларинет, под наслов „Чекуш блуз“.
Од албумот Faraway Home, ова се Томе Илиев на кларинет и Вартан Баронијан на виолончело, продолжувајќи ја приказната за човекот кој за едни е дрогаш, пијандура, пропалица, за други феномен, авантурист, шаман. Накратко - охридска легенда.
Аудио инженер: Бојан Угриновски
Снимено во Женева и Цирих 2024
Подкаст епизодите посветени на Чекуш: