Претседателот на познатата француска издавачка куќа Галимар објави статија во списанието La Nouvelle Revue Francaise велејќи дека побарал од ВИ алатката на Мета, Лама, да напише сцена во стилот на Мишел Уелбек. Алгоритамот на Лама одговорил на француски дека не може да напише нешто што се смета за „навредливо или дискриминирачко“. Наместо тоа, понудил да напише сцена која „искажува почит и е инклузивна“, на пример за група пријатели во парк на сончево попладне, кои пејат песни за да ја „прослават убавината на диверзитетот“.
Уелбек, веројатно најголемата книжевна ѕвезда на Франција во светот во моментов, е познат по романи кои се длабоко песимистични во однос на модерниот свет, во кој сексуалната револуција, конзумеризмот и глобализацијата водат до отуѓување и општествен распад. Вo неговиот роман, „Потчинување“ од 2016 (Букбокс осврт тука), муслиман станува претседател на Франција.
Но цензурирајќи го ваквиот светоглед, според Галимар, вештачката интелигенција не ја зема предвид комплексноста на човечкото искуство и настапува од позиција „на западниот брег на САД при оценувањето на тоа што е добор а што не е добро да се мисли“.
За разлика од моделот на Мета, јазичниот модел ЧетГПТ бил подготвен да го имитира Уелбек, без забелешки за коректноста на неговиот книжевен стил и политичките ставови.