Bookbox

Антон Чехов е еден од најпознатите писатели на сите времиња, за кого би се рекло дека не може да се открие нешто ново. Но нова збирка на приказни и хуморески објавена англиски јазик го прикажува во поинакво, неочекувано комично светло. 

Годишно, од убоди на најотровните африкански змии умираат или остануваат со трајни инвалиди илјадници луѓе. Овие бројки наложуваат изнаоѓање на поефикасен, поевтин и подостапен синтетички противотров. Еден таков, според нова студија, може да биде добиен од лами и алпаки. 

Букбокс гледанка: „Загубениот Леонардо“ (документарен, 2021)

Документарец кој повеќе од 15 години подоцна ја обновува контроверзaта околу најскапата слика на светот – „Салватор Мунди“, продадена за 450 милиони долари, припишана на Леонардо да Винчи. Кога првпат беше откриена, таа предизвика огромен интерес, но веднаш се појавија сомнежи дека не е оригинал. Овој филм ја следи нејзината чудна историја која де наликува на час по историја на уметност, де на трилер кој вклучува видни фигури од светот на финансиите и политиката.

Што е „јас“ и кој го измислил?

Ако се сеќавате на „Животот на Брајан“ на Монти Пајтон, има една сцена во која Брајан се обраќа на толпа во Ерусалим, која верува дека тој е Исус. „Грешка сте“, ги убедува тој. „Не треба да ме следите. Не треба да следите никого. Треба да размислувате со своја глава. Сите вие имате свое јас!“. Толпата му враќа во еден глас - „Дааа, сите имаме свое јас!“. Ова е парадокс кој совршено ја илустрира тешкотијата да се напише историја на „себството“ - она по кое некој се разликува од сите други. 

Сакаме ваков: сте слушнале за театарски натпревар кој се одржува во сауна?

Аквагардeнс, спа-центарот покрај Верона, обично е место на тишина и релаксација: топли извори, мирни базени, сауни и дури и снежна одаја за ладење. Но оваа есен, една недела таму владее сосема поинаква атмосфера — истата сауна која обично е оаза на мир сега трепери под басови од електронска музика и е преполна со над 200 голи луѓе кои се туркаат да влезат на шоуто „Ауфгус ВМ“ (Aufguss WM), светското првенство во сауна-театар.

Бизарната друштвена игра со фрлање лисици во височина

Фрлањето лисици, јазовци, диви мачки и други животни во воздух со помош на платно-катапулт било необична занимација на европските аристократи од 17 и 18 век. Целта на играта била сиротото животно да се фрли што повисоко во воздух. Највисокиот забележан резултат - 7,5 метри.

Како модерноста нè направи алергични

Нашите стари имунолошки системи не можат да држат чекор со современите начини на живот, што води до зголемување на сите видови хронични здравствени проблеми, меѓу кои и на алергиите. Едно од објаснувањата за ваквата ситуација е - многу чисто и арно не е на арно.

Koга постелнината била толку скапоцена што се оставала во тестамент

До доцниот среден век, а некаде и многу подоцна, луѓето спиеле на земја, врз сламарици или што и да е што можело да им обезбеди некаква подлога. Единствено најбогатите куќи имале големи и удобни кревети, со оние пердиња и перници полнети со пердуви. Токму креветите, а не скапоцените вазни или уметнички слики биле симбол на класните разлики.

Вкусот на ванила доаѓа од задникот на дабар?

Однапред се извинуваме ако на слаткиот вкус на сладоледот, омекнувачите или освежувачите на простор почнете да реагирате на малку поинаков начин. За утеха, суптанцата за којашто станува збор денес ретко се користи како ароматизер, затоа што е скапа а и ретко кој сака да „молзе“ дабари. Што е супер за преслатките дабарчиња и нивните ќесиња со ароматична течност.

„Ова е веројатно последното што ќе го напишам“ - Пол Остер за новата книга, ракот и илузијата на надминувањето на болката

Додека го пишувал својот најнов (последен?) роман, славниот американски писател дознал дека е сериозно болен. Во ова позајмено интервју тој зборува за пишувањето како начин да се пронајде смисла и да се издржи и во најтешкото.

Јапонското рибарење со корморани

„Укаи“ е традиционален рибарски метод кој, слично како и некогаш во наш Дојран, користи обучени корморани за фаќање слатководни риби. Во Јапонија ова се практикува над 1300 години, посебно на реката Нагарагава, каде официјален патрон на рибарите е самиот цар. 

Oд парички до ковчези: парите се отепувачка

Насловот на статијава реално требаше да биде „Како парите ја трансформирале средовековна Европа“, ама економската револуција, иако за малкумина била навистина вносна, за други била токму тоа - отепувачка.

Maгионичарот кој тврдел дека помогнал да се победат нацистите во Втората светска војна

Џаспер Масклин бил британски магионичар од 1930-тите. Ѝ се придружил на британската армија тврдејќи дека неговите вештини би можеле да бидат користени во камуфлажа и замајување на непријателот. Дел од тоа навистина функционирало.

Новооткриена музика компонирана од авторот на „Пеколниот портокал“

Ентони Бурџис е најпознат по својот сатиричен роман, дистопијата која се граничи со хорор од 1962, легендарно преточена во филм од страна на Стенли Кјубрик. Иако самоук во втората област, тој освен со пишување се занимавал и со музика. Сега неодамна откриено негово дело за жичан квартет ќе има светска премиера. 

Букбокс гледаше: „Падот на куќата на Ашерови“ или кога Едгар Алан По би ја напишал „Сксешн“

Збир на повеќе дела на Едгар Алан По, препрочитани во современ клуч, оваа „хорор“ серија е всушност повеќе парабола за проклетството на големите пари и бескрупулозноста на бизнисот со лекови кои се рекламираат како „убијци“ на болката. Вистинските убијци се всушност на друго место. 

Цената на времето или вистинската приказна за должничките камати

Eдвард Ченселор е британски финансиски историчар, новинар и поранешен банкар. Во 2016 беше наречен „еден од најголемите живи историчари на финансиите“. Минатата година излезе негова книга која се осврнува на она што има уништено голем број животи - цената за задолжувањето и каматите на истото. 

Одбрана птицата на векот (со неочекувана помош на Џон Оливер)

Загрозен вид птица по име путекетеке стана победник на натпревар организиран од организација за заштита од Нов Зеланд. Во ова ѝ помогна меѓународна кампања организирана од некој за кого не би очекувале да се интересира за вакви нешта - водителот Џон Оливер.

Бизарното сценарио на Ник Кејв за Гладијатор 2

Расел Кроу го замолил Кејв да напише сценарио за нешто што можеби, а можеби и не било сериозно земено предвид за продолжение на славниот филм на Ридли Скот, кое е планирано за 2024. Без оглед на тоа, текстот останува да сведочи за креативноста на мислата на музичарот-писател.

Филозофот кој почина покриен со кравји лепешки

Древна Грција можеби била напредна на многу полиња, но медицината, барем од денешна гледна точка, изгледа не била баш едно од нив. Еден учен филозоф, незадоволен од тоа што не му нуди лек, се обидел самиот да си ги смали отоците. И умрел на неславен начин.

Гласот на Едит Пјаф ќе биде рекреиран со вештачка интелигенција за нов филм

Шеесет години по нејзината смрт, гласот на францускиот „славеј“ ќе биде искористен во игран филм посветен на нејзинот живот. Продуцент е Ворнер мјузик груп. Ова се случува по контроверзите од пред две години со користењето на ВИ за рекреација на гласот на Ентони Бордејн во документарецот за него. 

„Таа ноќ ја видов“: вистинската екстравагантна благородничка од романот на Драго Јанчар

Во март 2015, група словенечки археолози откриваат остатоци на маж и жена во шума близу гратчето Преддвор, во северна Словенија. Тогаш медиумите известија дека станува збор за некогашните сопственици на дворецот Стрмол, Радо и Ксенија Хрибар, кои на крајот од Втората светска војна се однесени на непозната локација од страна на новата власт - партизаните. На нив, само под други имиња, се однесува наградуваниот роман на Драго Јанчар, „Таа ноќ ја видов“, кој излезе пет години порано, во 2010.

Кажете му фала на Ал Капоне за означувањето на рокот на траење на млекото

Американскиот бизнисмен и генерално гангстер наводно почнал да се залага за воведување рок на траење на шишињата со млеко, откако некој од неговото семејство се затрул од застојано млеко. Можеби стварно му било до здравјето на луѓето, а можеби имало врска и што ја поседувал потребната технологија. Кај шишиња со алкохол, таму и шишиња со млеко.

„Последна станица Ларима“: гратчето со 11 жители, од кој еден е убиецот

Среде пустелијата на северна Австралија, во регион наречен „Никогаш Никогаш“ (сериозно), има населба која тешко дека би можела да се нарече град. Во неа до скоро живееле 11 луѓе. Сè до исчезнувањето на локалниот шегаџија. Доволно „штоф“ за документарец кој се прикажува на Нетфликс. 

Бергруен - „Нобелот“ за филозофија тежок 1 милион долари

Од 2016 институтот Бергруен од Лос Анѓелес доделува признание на „мислители чии идеи ни помагаат да пронајдеме насока, мудрост и подобро разбирање на самите себе во свет кој рапидно се менува“. Првиот добитник беше канадскиот филозоф Чарлс Тејлор, а оваа година наградата оди кај американскиот социолог и теоретичар Патриша Хил Колинс. 

„Најад“: 64-годишната пливачка што исплива од Куба до Флорида

Нов филм на Нетфликс ја раскажува приказната за Дајана Најад, маратонска пливачка која на 60 години одлучува да го заврши она што не успеала на 28 - да исплива повеќе од 170 километри среде ајкули и отровни медузи. Успева по неколку години и обиди. 

Очекувајќи брз автобуски превоз во Скопје, да го запознаеме проектот за подводно метро во Индија од 1921

Во април оваа година властите на Калкута, сосе инженерите кои работеа на проектот, се качија на подводна железница за тест возење. Линијата ќе биде отворена за патници до крајот на 2023. Но таа во голема мерка се базира на нацрти на британски инженер роден во Бенгал, од пред еден век.

Од супер, преку мега до омни-ѕвезди: кaко вештачката интелигенција ќе ја трансформира славата

Koмпјутерите со децении ги заменуваат човечките работни места. Сега долгата рака на вештачката интелигенција почнува да посега и по оние најгламурозните. И иако интуитивно изгледа како да ќе ги загрози, досегашната историја на иновациите покажува дека славните преку нив само станале уште пославни.

„Секој ден, во секој поглед, сè повеќе напредувам“: по трагата на една 100 години стара афирмација

Денешните самонаречени мотивациски тренери и животни советници можеби мислат дека нивните занимања се измислица на новото време и дека тие имаат некаква револуционерна улога во истото. Но моќта на автосугестијата била позната одамна, а неа ја промовирал еден француски психолог од 19 век.

Ренесансни ножеви со вгравирани ноти за молитва пред и по вечера

Низ музејските колекции повремено се појавуваат ножеви чија намена не е сосема јасна. Изгледаат како со нив да не може баш нешто асално да се исече, а од двете страни имаат реална музичка нотација за религиски песни кои траат по 30 секунди. Во светот во моментов се познати само дваесетина парчиња кои изгледаат навистина убаво.