Дали може да се фотографира дух?

Вилијам Хоуп тврдел дека може да го документира присуството на духови во моментот на сликањето. Контроверзните слики кои тој ги направил сега ни помагаат да ја разбереме историјата на фотографијата. 

(извор: JSTOR)

Дали ви се случило да фатите нешто необично на фотографија? Можеби некаква сенка или облак во аголот на инаку вообичаена сцена. А можеби овие елементи се појавиле затоа што сте имале намера да соберете докази за постоењето на нешто „од онаа страна“? Тогаш сте дел од традицијата која е речиси исто толку стара колку и фотографскиот медиум.

Подемот на спиритуалистичкото движење во 19 и раниот 20 век се поклопило со развојот на фотографијата. Движењето често ја користелo, за да обезбеди „докази“ за контактирањето на духовите на починатите. Еден таков фотограф на духови бил Вилијам Хоуп, кој припаѓал на спиритуалистичка група позната како The Crew Circle. Во Јорк, Англија, помеѓу 1930 и 1932, Хоуп тврдел дека регистрирал десетина духови на слика.

Неговото дело било испитувано, и на крај отфрлено како лажно. Испитувањето започнало кога извесен Едвард Буш, сомневајќи се дека Хоуп е измамник, му поставил стапица. Му испратил писмо под лажно име со фотографија на живо лице (за коешто се преправал дека е неговиот починат син). Подоцна присуствувал на повикување духови кај Хоуп, кој произвел слика на наводно присутна „сила“ во салата која била идентична со испратената фотографија. Во други случаи користел двојна експозиција и други фотографски „финти“ од пред-Фотошоп ерата. 

Интересно е што меѓу најголемите заштитници на Хоуп бил никој друг туку Артур Конан Дојл, страствен спиритуалист, кој и по разоткривањето на измамата од страна на членови на Друштвото за физички истражувања, сепак останал на негова страна.  

Самите слики се сепак скапоцен примарен извор кој ни овозможува да ја разбереме историјата на фотографијата и начинот на кој таа била моделирана од вербата во окултното. Универзитетот во Јорк денес обезбедува јавен пристап до нив.

29 октомври 2024 - 07:09