„Биолуминисценција“ е создавањето и емитувањето светлина од жив организам. Такви, биолуминисцентни суштества има главно во океаните, но ги има и на копното како светулки и печурки. Ова е „студена светлина“, односно само 20% од неа генерира топлина.
Зад оваа појава стои хемиска реакција за која се потребни хемикалии под многу интересно име - луциферин и луциферазе. И иако на прво слушање ова звучи како нешто „пеколно“, етимолошки се објаснува многу едноставно. Латинското lucifer значи „светлоносец“, па оттаму и името на овие соединенија.
Луциферинот е молекула која кога оксидира емитира светлина. Но за да се случи ова е потребен уште еден елемент, ензимот луциферазе кој ја поттикнува оксидацијата. Разликата во бојата на светлината која се емитува кај различните организми се дожи на различниот хемиски состав на овој ензим.
Нив ги открил францускиот фармаколог Рафаел Дубоа (1849-1929), кој првично планирал да ги проучува ефектите на анестезијата на мекотели. Тогаш ја посведочил биолуминисценцијата на вид скакулци (Pyrophoruc noctilucus) и тоа го инспирирало да навлезе во оваа тема. Терминот „луциферин“ и „луциферазе“ прв пат се појавил во негова научна статија од 1887. Мора да се оддаде почит на неговата смисла за зборообразување и (кој знае) смисол за хумор, за именувањето на „ѓаволестите“ состојки.