Bookbox

Познавачите велат дека туниската литература од втората половина на 20 век се обидува да одговори на едно суштинско прашање: како изгледа едно општество што штотуку ја стекнало својата слобода, но сè уште живее со товарот на колонијалното минато? Едно од делата што на впечатлив начин го отвора токму тоа прашање е новелата „Црна молња“ од 1961 година, напишана од тунискиот писател Башир Храјеф, еден од најзначајните автори во современата арапска книжевност на Магребот.

Куќата во австрискиот град Браунау на Ин, во која во 1889 година е роден Адолф Хитлер, од 22 јули официјално стана полициска станица. Одлуката, донесена по долгогодишни расправи и обемна реконструкција, повторно ја отвори дебатата за тоа како треба да се постапува со местата поврзани со нацистичкото минато и како тие да се зачуваат од злоупотреба.

Доставувач на храна ја освои најпрестижната книжевна награда во Кина

Збирка поезија, од која дел била начкрабана на ливчиња помеѓу достави на храна, му ја донесе на Ванг Џибинг една од најпрестижните книжевни награди во Кина. Неговата збирка „Низок лет“, инспирирана од секојдневните предизвици со кои се соочуваат неговите колеги, ја освои Наградата за книжевност „Лу Сун“ - именувана по писателот кој се смета за татко на модерната кинеска книжевност.

Скриената историја на зборот „ментор“

Денес „ментор“ се користи за искусна личност што советува, насочува и им помага на другите да напредуваат. Но малкумина знаат дека овој поим има речиси три илјади години стара историја и потекнува од еден лик во Хомеровата „Одисеја“, каде што улогата на менторот е многу поголема отколку што изгледа на прв поглед.

Како го гледав „Одисеја“ во грчко летно кино

Да се најдеш случајно во Солун на денот на премиерата на „Одисеја“ е како да си се нашол случајно во Њуjoрк на финалето на фудбалското првенство. Ако не си од најопседнатите, јасно ти е дека е нешто битно, но не и интензитетот на страстите што ги буди еден ваков настан од, во основа, забавен карактер. Сепак, атмосферата понесува, па ти доаѓа на проекцијата не само да купиш пуканки во специјална изработена „кофа“ во форма на Тројански коњ, туку и да си ставиш шлем на глава.

Кул: како климатизерот променил сè

Работење во канцеларија во тек на топлотен бран во јули. Купување чоколадо што не е направено „чорба“ во август. Според автор на книга посветена на историјата на климатизерот, сите овие нешта не би биле возможни без овој изум.

Анти-салмонела: омилениот хамбургер на Ернест Хемингвеј

Жешко е, купувањето сендвичи по штандови за брза храна е ризично, па зошто да не си се држите до испробани рецепти? Како овој на Нобеловецот не само за литература, туку и за уживања.

Зошто толку многу бајки почнуваат со „Си беше еднаш...“?

Во бајките има елементи кои постојано се повторуваат - од принцези и зли вештерки, до змејови и џуџиња. Но највообичаена заедничка карактеристика е формулата за почеток на раскажување, која има долга историја и практична функција. 

„Ноќните птици“ да ти биле поинтелигентни од оние што стануваат рано

Нешто не ни штима во наодиве, бидејќи во последно време легнуваме со кокошките. Ама па наука си е наука. 

Koму да му се донира бубрег - најнеетичното реално шоу на светот?

На крајот од насловот има прашалник, бидејќи она што на прв поглед изгледа бизарно, имало повисока цел - да внесе едно значајно прашање за донирањето органи на политичката агенда на земја каде тоа не било доволно промовирано како опција за спасување животи.

Шест пати кога Олимписките игри биле одложени или откажани

Летните Олимписки игри се најголемиот спортски настан во светот, на кој вообичаено се натпреваруваат повеќе од 10.000 спортисти од десетици земји. Но имало и случаи кога вообичаениот распоред на одржување, на секои четири години, бил нарушен.

Заборавениот свештеник кој ги предвидел црните јами - во 1783

Речиси 200 години пред научниците да прифатат дека постојат црни јами (некои ги викаат и „дупки“), британски свештеник по име Џон Mичел објавил изненадувачки визионерски идеи за овие необични космички објекти. Зошто неговото дело не е доволно познато?

„Поротата на медицинарките“ која одредувала дали жените осудени на смрт биле бремени 

Повеќе од седум века, жените во Англија можеле да одбегнат смртна казна доколку се повикаат на „правото на стомакот“ - на тоа дека се бремени. Како судот одредувал дека ова е вистина? Со ангажирање на целосно женски пороти, составени од медицински лица. 

Постхумен скандал со Нобеловката Алис Манро

На 14 мај, на своја 92-годишна возраст, почина писателката и добитничка на Нобелова за книжевност. Беше наречена „титан на кратката проза“ и „канадски Чехов“. Но откако нејзината ќерка неодамна објави текст во кој го открива семејните тајни, ликот на славната авторка за многумина веќе никогаш нема да биде ист.

Кога американската влада буквално изгорела 200 милиони долари

Не ретко низ историјата се случувало за нештото да не падне во непријателски раце тоа да биде уништено, колку и да е скапоцено. На пример толку скапоцено, колку 200 милиони долари во кеш.

Годишен одмор од соништата: на море, како сопственик на книжарница

Нема да морате да се откажете од пливање и сончање. Гратче на шкотско крајбрежје нуди и тоа, но и живеење во книжарница дур ја водите. За некои ова е исполнување на животен сон. 

Нов летен хит: симулатор на косење трева

Постои мислење дека видео игрите се бегство од реалноста - инаку зошто некој би се преправал дека е маринец (Call of Duty), херојски еко-воин кој спречува зла компанија да ја користи духовната енергија на Земјата (Final Fantasy) или фудбалски менаџер (Football Manager). E, ама има и игри кои се тотална спротивност на ова, и се водат во нишата (да, стварно постои) - антиескапизам.

„Големиот бран кај Канагава“ се најде на јапонски банкноти

Во моментов јенот е паднат на најниската вредност во последниве децении. 1000 јени се околу 350 денари и се најчесто користените банкноти во економија која се уште главно се базира на готовина. Со оглед на големиот наплив на туристи во Јапонија поради поволните цени, властите решија да го искористат тоа за промовирање на своето културно наследство токму низ овие банкноти. 

Славниот виенски професор што беше убиен од свој студент

На 22 јуни 1936, додека професорот Мориц Шлик се симнувал по скали на Универзитетот во Виена за да оди на предавање, бил начекан од поранешен студент, Јохан Нелбек, кој го убил со пиштол. Извештајот од кривичниот суд регистрирал дека доктор Шлик бил погоден со 4 куршуми и подлегнал на повредите на самото место. Со тоа згаснал животот на човекот кој од 1924-тата па до тој момент го водел славниот Виенски кружок на мислители кои ја промениле филозофијата на 20 век. 

Супермен, Фродо, Војна на ѕвездите: неверојатниот живот на Киран Шах, најнискиот статист на светот

Британскиот актер тврди дека се појавил во повеќе блокбастери отколку кој и да е друг на Земјата. Гинисовата книга на рекорди го води како најнискиот статист на светот, а освен што е актер тој е и поет. 

Како изгледала емисија од областа на културата на Македонска телевизија во 1983?

Што се 40 години во однос на вечноста? Според ова видео, многу се. Затоа што денес ваква емисија, макар и скромна по своите технички елементи - нема. Затоа што ретко или воопшто не може да се случи да се одвои телевизиско време за актер што чита извадок од роман. А уште помалку за на целосно црн екран да оди француска шансона направена по стихови на Превер. 

Контроверзна претстава што ќе се игра прв пат по 350 години

Од 1671, кога прв пат била играна, претставата „Заљубениот принц или љубопитниот сопруг“ не се играла поради контроверзните теми со кои си поигрувала нејзината авторка - првата Англичанка која заработувала од пишување драми и поезија.

„Битлџус Битлџус“ на Тим Бартон ќе го отвори Венецијанскиот филмски фестивал

Долго очекуваното продолжение на хитот на режисерот од 1988 ќе ја има својата премиера на престижниот фестивал во август. Од старата постава во него игра само Мајкл Китон.

Дали би каснале чорба од 50.000 години стар бизон?

Кога животот ти дава замрзнат бизон, организирај вечера за пријателите. Ова била логиката на палеонтолог кој открил целосно сочувано тело од ова животно, кое притоа си добило и прекар.

Доблеста да знаеш кога да се повлечеш

По катастрофалниот настап на актуелниот претседател на САД, Џо Бајден, на дебатата со Трамп од 27 јуни, почна да отчукува часот пред тој да биде повлечен од кампањата или да сфати дека е време самиот да се прогласи за „поранешен“. Некои од неговите колеги - претседатели и функционери се имаат соочено со истиот предизвик, но реагирале различно.

Роботите научија да се смешкаат

Истражувачи од Универзитетот во Токио објавија снимка од нешто што изгледа истовремено и морничаво, и некако слатко. Роботско лице што се смее, со помош на механички „поттикнувачи“ сместени под флексибилен слој од жива кожа. Е сега, дали ни се смешка или ни се потсмева?

Марина Абрамовиќ цели седум минути го замолкна Глестонбери

Ако нешто нема на музички фестивали, тоа е тишина. Но ова се смени вчера (петок) вечер, кога помеѓу два настапа се случи „јавна интервенција“, чија цел беше повикување на мир.

Ехоизам: обратната страна на нарцисоидноста

Нарцисоидноста е опсесија - сакаме да знаеме како да ја препознаеме, дали шефот ни е „нарцис“, дури и домашните миленици. Но многу помалку се зборува за една поинаква а исто така загрижувака појава, поларниот опозит на нарцисоидноста.

Црниот од Пелопонез: еден од највлијателните грчки рапери е од - Гана

Запознајте го „Црниот Морис“ или, во оригинал на грчки, Негрос ту Мориа или „Црниот од Морија“ (средовековно име на Пелопонез). Се претставува како „археолог на мисија да ги откопа и повторно да ги склопи афро-азијатските фрагменти на глобалните конфигурации“ и како иден добитник на Греми за албум од неанглиско говорно подрачје.