Bookbox

Морничавите вистински приказни на Филип Боксо (Philippe Boxho) и претходно беа популарни. Но неговата најнова книга од трилогијата, која е оценета како најбизарна и најлуда до сега, е продадена во 300.000 примероци и наскоро ќе биде преведена на 30 јазици.

Замислете дека сте маж кој последниве триесет години имал многу близок пријател, маж, со кого не само што професионално соработувал туку и пиел по кафани, се тепал и правел други стереотипно „машки“ нешта. Одеднаш, на 61 година, вашиот пријател ви кажува дека ќе стане жена, со цицки, репче и цветни фустани. Дали ќе му понудите да тргнете на пат низ земјата за да го поддржите во оваа идеја?

Пепел во пепел, ама после под вода: првата подводна гробница на светот

Нептун меморијал риф врши услуги на клиенти кои сакаат нивното последно почивалиште да биде под вода, со тоа што нивната пепел ја вградува во статуи на морски животни или друга форма по избор. 

Шарлот, Емили и Ен не се ни Бронт, ни Бронте, туку Бронти?

Денес, 26.09., излезе вест дека е исправена грешка направена уште пред 85 години, со тоа што во Поетското катче на Вестминстерската опатија презимето на сестрите кои на македонски (српски, бугарски) ги знаеме како БронтE биле напишани без две точки врз е-то. На англиски без тие ознаки некој може да го прочита презимето како „Бронт“, а всушност е Бронти.

Oд каде потекнува идејата за „рамноправност“?

Човечката историја е цик-цак линија на доминација и обиди за регулирање на истата, со развивање на кооперативни начини на живеење. Последново е „цик“-от. А „цак“-от е огромен чекор нaназад во периоди кога поради потреба од работна рака (поради земјоделие или индустрија) хиерархиските структури повторно биле воспоставувани, посилни од претходно. 

Едноставната грешка што ја прават 16% од нас

Изненадувачки голем број возрасни ги мешаат „лево“ и „десно“, а научниците допрва почнуваат да одгатнуваат зошто. Moжеби и не звучи како нешто загрижувачко, освен ако оној кој не ги разликува страните не е хирург задолжен за вадење на бубрег или ампутација на нога. 

Кога Американците претворале сланина во бомби

Во текот на Втората светска војна, владата на САД ги поттикнувала Американците да го чуваат вишокот маст останато од готвење и да го донираат на армијата за таа од него да прави - експлозиви.

Првата банка која била отворена само за жени

На 26 август 1920, во САД бил изгласан 19-тиот амандман на Уставот, кој прв пат им овозможил на жените да гласаат. Но дури и овој чекор не обезбедил рамноправност - еден од најголемите предизвици на жените од тоа време всушност бил економскиот, односно потребата за контрола над сопствените пари.

Повлечен списокот „штетни зборови“ на Универзитетот Стенфорд

„Иницијатива за елиминација на штетен јазик“ - целта на оваа кампања со морничаво име е на компјутерскиот оддел на Стенфорд е замена на наводно расистичка и друг вид несоодветна терминологија во официјалната преписка. Го замислуваме Орвел како коментира - „алал вера“. 

Јасуке - првиот црн самурај

Во доцниот 16 век, енигматичен воин се борел за својот феудален господар. И покрај недостатокот на поконкретни податоци за неговиот живот тој до денес останал поп-културна инспирација. Нему му е посветена нова аниме серија на Нетфликс.

Кој е вистинскиот автор зад мемоарите на принцот Хари?

Малку е да се каже дека книжевна (?) тема број еден на почетокот на 2023 е автобиографијата на принцот Хари, особено (и разбирливо) во Британија, каде книжарници отвораа и на полноќ за да излезат во пресрет на љубопитните читатели. Нам не ни е толку интересна содржината на книгата, туку нејзиниот гоуст-рајтер.

За оние кои немале такво искуство: напорното мислење истоштува

Физичката работа често знае да биде напорна. Но она што многумина кои денот го завршуваат испотени и физички исцедени не можат да го разберат, е дека менталниот труд исто така уморува. Причините за второто до сега беа малку истражени, но сега има теорија која изгледа како да држи вода.

Историјата на „ме боли“

Медицината има свои ограничувања на толкувањата на болката како искуство чии извори се често повеќекратни или мистериозно неодредени. За да ја разбереме, потребни ни се историјата, филозофијата и уметноста.

Многу пред „сув јануари“ - мексиканската традиција на (привремено) непиење алкохол

Последниве неколку години на социјалните мрежи се одвива кампања за јануарско „постење“ од алкохол (#DryJanuary), веројатно како начин организмот да се одмори од она што му се случувало за време на празниците. Но во Мексико таквата традиција е многу постара, не е врзана за конкретен период од годината и иако има врска со христијанството, не секој кој учествува(л) бил религиозен.

Писателката што ја лажираше сопствената смрт

Во септември 2020, во фејсбук пост објавен од некој кој тврдел дека е ќерка на авторката на љубовни романи Сузан Мишен, било соопштено дека таа извршила самоубиство. Две години подоцна Сузан „воскреснува“ и признава дека сето тоа било наместено.

Букбокс гледаше: „Менито“ (2022)

Уште еден филм од изминатата година чиј заплет вклучува група богаташи на изолиран остров и силна социјална критика. Ако во „Триаголник на тагата“ имаше сцени со повраќање, во „Кромид од стакло“ студено оружје, тука има вечера за неколкумина одбрани, кои набргу сфаќаат дека самите се ставки на менито.

Аизучи или вештината на активно слушање на соговорникот

„Хаи. Хаи. А, со дес не...“. Речиси половина од времето од дијалог на јапонски поминува во изговарање на овие зборови, кои повторувани како мантра веќе и не значат само „да“ или „значи, така?“, туку се некој вид сигнал дека оној кој слуша навистина активно учествува во разговорот. 

Тестаментот од Хајлигенштат на Бетовен

Во април 1802, со нарушено здравје, Бетовен отпатувал северно од Виена, во малото бањско место Хајлигенштат, каде ќе го напише она што денесе се нарекува негов тестамент.

Половина век нема револуционерни научни откритија - зошто?

Бројот на публикации кои значајно влијаат врз одредена научна дисциплина е драстично намален во последните педесетина години. Нова студија се обидува да објасни зошто.

Доли Партон сними песна која нема да можеме да ја слушнеме до 2046

Познатата кантри пејачка често прави вонмузички креативни излети, од промоција на линија за љубимци (Доги Партон) до пишување роман од жанрот мистерија заедно со славниот Џејмс Патерсон. Последниот проект има врска со музиката, но истовремено има елементи на перформанс. Затоа што новата песна е всушност временска капсула. 

Како да убиеш милијардер: малку поинаков поглед кон „Кромид од стакло“  

Првиот дел на овој филм, преведен како „Нож в грб“ (Knives Out), беше покласична мистерија, како во детективските филмови со Еркул Поаро (овој пат персонифициран низ ликот на Беноа Бланк, кој го игра Даниел Крег). Но овој вториот, можеби филмски полош, има малку поинаков и подлабок подтекст. 

Приказната за Биба Струја

Долги години важи за жива „паранормална“ појава во Србија. Се вика Славиша Пајкиќ, но е попознат по естрадниот прекар Биба Струја. Човек кој наводно спроведува и акумулира струја, фрла искри и „лечи“ луѓе со електрошокови. За него пред една деценија е снимен документарец, а тој се уште настапува по шоу програми во регионов.

Научникот кој се згрозил од своето откритие - како изгледа спермата

Антони Филипс ван Левенхук, таткото на микробиологијата, бил ужаснат од тоа како изгледаат сперматозоидите под микроскоп. Ниту сакал веќе да ги гледа, ниту да ги проучува. Овој негов став ќе придонесе тајната за машката семена течност да остане неоткриена цели два века.

Како библиотеките можат да ни го променат животот

Во 1971, Исак Асимов испратил писмо - поздрав по повод отворањето на нова библиотека во Трој, Мичиген. Тоа е упатено пред сè кон децата и младите и укажува на важноста на читањето, не само како алатка за собирање знаења туку и за психолошкиот раст и здравје. 

За тоа дали 2022 ќе ни остане во добар или лош спомен одлучува - една молекула

Кога мозокот ги енкодира спомените како позитивни или негативни, само едно мало - многу мало нешто - одредува дали тие ќе одат во едното или во другото купче. Истражувачите сега се обидуваат да одредат што е пресудно во ваквото групирање.

„Чикитита“: песната чии авторски права АББА ги донирала на УНИЦЕФ

Факт кој дури и големите фанови на шведскиот бенд не го знаат - и покрај тоа што нивниот хит од 1979 до сега е продаден во повеќе милиони копии, АББА нема заработено ни денар од „Чикитита“. Сите права ги имаат дадено на програми за образование на млади од целиот свет.

Mинатата година се откриени 351 нови видови суштества на планетава - најбројни се осите

85 нови видови оси се помеѓу 350 нови видови инсекти и животни идентификувани во 2022 од Природонаучниот музеј во Лондон, а научниците велат дека следната година бројот се очекува да биде уште поголем.

Дали Божикна песна напишана од нацист ќе остане вклучена во збирките протестантски химни?

Во Германија постои богата традиција на божикни верски песни и химни. Една од нив е напишана од Херман Клаудиус, кој бил лојален на нацистичкиот режим. Сега во земјата се одвива дискусија дали таа треба да биде исфрлена од официјалниот црковен репертоар. 

Супите што се крчкаат со децении

Слично како што порано секоја куќа си имала своја „маја“ - квасец за леб или потквас за млечни производи, така во некои кулинарски традиции се ценат старите основи за супи и чорби. Некои од нив се наводно стари со векови и имаат некаква магична „длабочина“ на вкусот.