Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Почина легендарната актерка Меги Смит

27 септември 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Славната британска актерка Меги Смит почина денес на 89-годишна возраст. Таа е единствената Британка која има добиено Оскар за најдобра главна и за најдобра споредна улога. 
  • Најмладата публика денес ја знае како строгата, но правична професорка Мегонагал во серијалот филмови за „Хари Потер“. Забележително беше и нејзиното учество во серијата „Опатијата Даунтаун“. 
  • На 23-годишна возраст играла во „Отело“ со Лоренс Оливие, и за таа улога е номинирана за Оскар. Четири години подоцна ја освоила статуетката за главна улога во филмот „Најдобрите години на госпоѓица Џин Броди“, а потоа и во „Смртта на Нил“ според романот на Агата Кристи. Имаше титула лејди. 
извор

Почина Сретен Перовиќ, големиот пријател на Македонија

22 август 2025
  • Share
  • Post
  • На 17 август, на 93-годишна возраст, почина Сретен Перовиќ, црногорски поет и пријател на Македонија. Долги години тој беше во контакт со нашата книжевна и, воопшто, со нашата културна средина, секогаш присутен на големите книжевни манифестации кај нас - на Струшките вечери на поезијата, на Рациновите средби и, исто така, како претседател на Црногорскиот ПЕН центар, на конференциите на Македонскиот ПЕН. 
  • Посебна љубов, енергија и знаење Сретен низ годините посвети на преведувањето и афирмацијата на македонската литаратура на црногорски и на српско-хрватски јазик, посебно на поезијата. Ненадминливи се неговите препеви на поезијата на Конески, на Јаневски, на Шопов, на Матевски и понатаму на делата на помладите генерации македонски писатели. 
  • Во 2012 година издавачката куќа „Слово“ од Скопје ја објави неговата книга „Македонија екумена“, книга со текстови за Македонија и пред се за македонските книжевни дејци и нивните дела, која некои критичари ја нарекоа „ода на македонскиот национален и државен идентитет“. Перовиќ е втемелувач и подоцна претседател на Друштвото за црногорско-македонско пријателство и почесен член на повеќе институции, хуманитарни здруженија и невладини организации во земјата и во странство. 

Последен поздрав од неговиот македонски колега Димитар Башевски и песната „Македонија екумена“ на линкот.

извор

„Море сокол пие“ одекна во Италија

15 август 2025
  • Share
  • Post
  • Во изведба на Благој Нацоски и Андреа Скалцо, на 9. издание на PianoLab фестивалот во Италија првпат прозвуче најновата композиција „Море сокол пие“ од Дарија Андовска.
  • PianoLab е мобилен фестивал на пијаното, кој од 2017 година ги обединува музиката и архитектурата преку концертни перформанси во историски вредни места на југот на Италија. Фестивалот го слави „кралот на инструментите“ – пијаното – во формат отворен за сите: професионалци, студенти и ентузијасти. Програмата се состои од соло рецитали, специјални настапи на светски пијанисти, воведни концерти и главен настан — маратон на пијано низ градското ткиво.
  • Овогодишното деветто издание на Suona con noi — маратонот за пијано се прошири и со рецитали со глас и пијано. Се одржа на 11 и 12 август во три локалитети на Мартина Франка и 20 концерти во тие два дена. Рециталот на Благој Нацоски и Андреа Скалцо беше едно музичко патување од Хендл, преку Белини, Тости, Пучини, Масне, се’ до дела од Бенџамин Бритн и светската премиера на „Море сокол пие“ од Дарија Андовска, специјално напишана за оваа прилика и посветена на Нацоски.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Перо Антиќ назначен за амбасадор на Интерконтиненталниот Куп на ФИБА

2

Хероите на Дојран

Разно
3

Условите на Путин: Цел Донбас, нема НАТО, нема западни војници

Свет
4

Се сеќавате ли: Вирусот ќе ги најде невакцинираните

5

Сиријци во Австрија намерно паѓаат на испити за да живеат од социјална помош

Свет
6

Некој да ни објасни

Македонштина
7

Како изгледаа Европејците во Белата куќа?

Забава
8

Што сте демолирале, тоа ќе си платите, бујрум

Навивачи
1

Американскиот претседател кој примал гости во тренерки

Bookbox
2

21 правила за живот на Мијамото Мусаши, јапонскиот самурај-филозоф

Bookbox
3

„Мизерен измет“ - најбруталните стихови на Ник Кејв

Bookbox
4

Почина Сретен Перовиќ, големиот пријател на Македонија

5

Удар врз нарцисоидноста: како Фројд би ја коментирал вештачката интелигенција

Bookbox
6

Носи шапка: кaко да го преживееш летото според совети на луѓе од среден век

Bookbox
7

Дали минералната вода е „природна“ ако е филтрирана?: новото прашање што и не е толку ново

Bookbox
8

„Море сокол пие“ одекна во Италија

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Некој да ни објасни

Македонштина

Некој има исушени очи па не му се гледа

Македонштина

"Quo vadis?" на македонски

Балканштина

Пишување со полна уста

Балканштина

Совети за европска дијаспора

Македонштина

Чиста работа

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Сипаниците ја бришат меморијата на имунолошкиот систем

И да не сте голема риба, јадете мали риби

На континентот полн со штурци, Финска е мравката

Богата а славна

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy