Пропрженото сланинче не е само добро за омрсување сендвичи или ароматизирање омлети туку и за правење бомби. Во текот на Втората светска војна Американците имале патриотска должност да ѝ предадат секаков вид прехранбена маст на својата влада. Таа пак формирала организација, Американски комитет за спас на маста, која ги поттикнувала домаќинките да не ја фрлаат, туку да ја складираат и да ја донираат, за војската од неа да може да прави експлозиви.
Ова е фино објаснето во пропаганден филм од тоа време под наслов „Од тавчето до ровот“, во кој на Мини Маус и на Плутон им се објаснува дека мастите се користат за да се направи глицерин, а пак глицеринот прави нештата да експлодираат.
Помалку од половина кило маст наводно содржело доволно глицерин за исто толку експлозив. Сепак, и покрај патриотската обврска, мал број американски домаќинки одговориле на повикот. Заситените масти тогаш не биле уште прогласени за ризик по здравјето, а до нив тешко се стигнувало, особено откако биле воведен рестрикции.
Секако, ова не била единствената акција за собирање различни суровини за војската - се собирало и старо железо, гума, хартија па дури и облека. Салото било последно, а идејата зад оваа акција меѓу другото била да им даде на жените чувство дека сепак учествуваат во воените дејства, макар и од своите кујни. Откако ќе се соберело доволно количество од едно домаќинство, маста се предавала во најблиската од 250.000-те месарници или од 4.000-те фабрики за замрзнување храна, кои пак ја предавале на армијата. Донаторот добивал 4 центи за половина кило маст, а во декември 1943, кога почнала рестрикција на путерот и салото, владата почнала да нуди две купончиња за храна за истото количество.
Ова од денешна гледна точка е класичен пример на ре-употреба во која толку се колнеме. Без оглед дали ја предавале на војската или не, семејствата секако ја штеделе маста (според статистиките тоа го правеле три четвртини од нив, а најголеми штедачи на маст биле јужњаците). Докторите од тоа време биле многу повеќе загрижени за недостатокот на витамини отколку за внесувањето вишок масти или сол.
Ова ќе се промени во завршувањето на војната, кога Американците ќе им се вратат на месото и на мастите. Имало и такви кои и претходно не верувале во реалната употреба на салото и во општите рестрикции, туку сметале дека тоа е само начин на држење на населението во неизвесност и негова контрола. Но претерувањето пак кога веќе немало ограничувања довело до тоа по војната, кога американската економија го доживеала својот врв, пет од десет причини за смрт да се хронични болести поврзани со небалансирана или претерана исхрана.