„Моето место во историјата“ е песна на Доли Партон која таа ја напишала и ја снимила во 2015 во знак на комеморација на отворањето на Доливуд, хотел и спа центар лоциран во Тенеси. Таа до сега не е обелоденета, а тоа ќе може да се направи дури во 2046, кога самото одморалиште ќе полни 31, а Доли Партон 100 години. Таа е заштитена во кутија од костеново дрво, снимена е на ЦД, а оди во комплет со ЦД плеер, во случај тогаш тие да не постојат веќе. За разлика од слични капсули кои најчесто се закопуваат в земја, оваа на Партон е изложена во самиот хотел, заедно со парче дрво од терасата на нејзиниот дом од детството.
Во својата книга „Раскажувачка на песни: мојот живот низ стихови“, Партон има напишано - „Не знам дали сакам да живеам до 100 или не. Но никогаш не се знае. Ако дочекам, ќе бидам присутна на тоа отворање“.
Исто така е можно таа да се предомисли и да ја обелодени песната порано, бидејќи ѝ е страв дека ЦД-то може да се уништи, па песната никогаш да не биде слушната.
Види претходно: „Идна библиотека“: книга која се пишува денес, а прв пат ќе се објави во 2114