Тања Балаќ - една деценија видеоуметност
18 септември 2024
- Проекција на 10 видеоуметнички дела на македонската уметница Тања Балаќ, по повод 10 години создавање на полето на видеоуметноста, ќе се одржи во Кинотека на 19 септември (четврток) во 20 часот.
- Станува збор за своевидно еднодецениско заокружување на делата остварени во овој медиум, кои најчесто се коментар на она што се случува во светот, од 2014 наваму.
- Ќе биде прикажан и најновиот филм, „Луцидни соништа“ (2024 г.), кој претставува свовиден сублимат на целокупната ангажираност на уметницата во сферата на видео-уметноста и нејзината активна улога во истражувањето на полето на новите медиуми (инсталации, експериментални, документарни филмови, видеоарт…).Анимацијата и монатажата се на младиот Емил Пачковски, а музиката за ова видео е во соработка со познатиот холандски музичар Рутгер Зујдервелт.
Букбокс осврт за „Цвеќиња на водата“ (2021) тука