Почнува фестивалот АртАреа8
20 септември 2024
- Во кафе-книжарница Буква од 20-22 септември 2024 година, ќе се одржи осмото издание на книжевно-мултимедијалниот фестивал АrtАreа/Артерија. Фестивалот е во организација на издавачката куќа „Бегемот“.
- За време на трите фестивалски денови ќе проследиме неколку книжевни промоции, изложба на фотографии, два музички настани и еден краток документарен филм.
- Погледнете ја комплетната програма на фестивалот на линкот.