Bookbox

Кога воздухот станува посвеж, хризантемата одбива да ја прифати промената на сезоната. Раскошна, со густо наредени ливчиња во бои од бела и жолта до бронзена, лила и темноцрвена, таа ги разубавува градините токму кога повеќето други растенија веќе се подготвуваат за зимскиот одмор. Но, таа не е само есенски украс. Нејзината приказна трае повеќе од три илјади години и ги поврзува древната медицина, царските дворови и различните културни претстави за животот и смртта.

Цело време мислевме дека станува збор за турцизам. Ама името да ти доаѓало од шкотскиот инженер Џон Лаудон Мекaдам, кој осмислил поевтин и потраен начин за изградба на патишта, поставувајќи ги темелите на технологијата што подоцна ќе доведе до современите асфалтни коловози.

Бесрамноста како извор на политичка моќ

Отпорот да се биде прифатен од другите може да стане извор на политичка моќ. Социјалните мрежи овозможуваат постојано следење на јавното однесување: секоја изјава може да биде извадена од контекст, осудена и искористена против оној што ја дал. Стравот од нарушување на сопствениот углед ги тера луѓето да се самоцензурираат, да избегнуваат чувствителни теми и да ги приспособуваат своите ставови на она што се смета за општествено прифатливо. 

Кога лондонските улични светилки служеле кафе, чај и „течно говедско“

Многу пред автоматите за кафе и „паметните“ градови, Лондон експериментирал со улични светилки што, покрај осветлувањето, нуделе топли пијалаци, цигари, разгледници, па дури и директна телеграфска врска со Скотланд Јард.

„Читајте!“ - би имала ли ефект ваква кампања кај нас?

Од Бил Козби и Опра Винфри до Даниел Редклиф и Стивен Хокинг – повеќе од 180 познати личности позирале со омилената книга во раце, во кампања на Американското здружение на библиотекари што трае веќе четврт век, а која порачува нешто едноставно: читајте.

„Уште музика и муабети“ од Ненад Георгиевски

Во 2016 ја претставивме книгата „Музика и муабети: колекција музички интервјуа“ од Ненад Георгиевски. Две години подоцна излегува вториот том - „Уште музика и муабети“. За третиот, за кој сме сигурни дека има материјал, ќе треба да се смисли нешто повеќе од „уште“. „Поуште“?

Скулптури од мозочни бранови во 3Д

Џулија Бунтен Хоел ја претставува електричната активност на мозокот на изложбата „Бранови“, која во моментов е поставена во еден од музеите од групацијата Смитсонијан (оддел за уметност и индустрија) во Вашингтон.

Оваа година на одмор ќе одиме во библиотека во Хелсинки

Во 2016 пишувавме за тоа дека библиотека во финскиот град Вантаа отвори звучно изолирана просторија со караоке машина наменета за луѓе на кои им е незгодно да пеат во кафана, а сепак сакаат да се издуваат. Но во новоотворената библиотека во Хелсинки има и многу повеќе од тоа.

Која ќе биде боја на 2019?

Компанијата Пантон во декември 2017 предвиде дека ултра-виолетовата ќе биде боја на 2018, затоа што симболизира „визионерство, космички широчини и мисловност“. Не дека видовме нешто од ова изминатава година. Ама за 2019 работите изгледаат (по)розово.

105 експерти за нивните најдлабоки стравови и најголеми надежи за иднината

Најголемата колективна загриженост, и на секој од нас поединечно: што ќе се случи во годините кои доаѓаат, а што може драстично да влијае врз начинот на кој живееме? Од друга страна, што е она на што се надеваме а има потенцијал да се случи? На крајот од 2018 за она што го носат голем број следни.

Бредли Купер учел да зборува, пее и свири за „Ѕвездата е родена“

Купер од мал сакал да биде режисер. Иако испаднал успешен актер (Silver Linings Playbook, American Sniper) интересот за тоа да биде зад камерата не го напуштил. Неговото режисерско деби, римејк на „Ѕвездата е родена“, му е добар почеток. А музиката од филмот одлична!

Доделена наградата за лош книжевен секс 2018

Во рубрикава неуморно, веќе шест години, го следиме доделувањето на ова непрестижно признание. И не гледаме причина да ја прекинеме традицијата.

Каде е, што прави, Мишел Уелбек?

Во контекст на протестите во Париз против политиките на Макрон, не можевме а да не се потсетиме на еден автор кој одамна ѝ предвиде апокалиптична судбина не само на Франција, туку и на Европа. Го замисливме како осамен пие во некоја селска биртија и се кикоти дур гледа вести. Ама тој да ти се - оженил!

Чарли Чаплин - безмилосен бизнисмен и егоцентрик?

Нова книга покажува дека голем број музички успеси кои му се припишуваат на славниот режисер всушност биле резултат на кражба на туѓ труд. Бил генијален, ама и опседнат со комплетно авторство.

Зошто не е можно да се чита во нашиот градски превоз?

Од време на време на социјалните мрежи се појавуваат фотографии од земји и култури каде има чуден обичај луѓето да читаат книги, во метро, трамвај, автобус. Придружниот коментар обично се однесува на нашиот примитивизам и неначитаност. И не дека не. Ама има и други, многу попрактични ограничувања.

Морничавите звуци на дело изведувано од оркестарот на Аушвиц

Истражувачка од Универзитетот во Мичиген открила музички ракопис чиј автори се тројца полски затвореници во Аушвиц. Најстрашното и најироничното е неговиот наслов.

„Мрачни скршнувања“ од Џон Ралстон Сол

Познатиот канадски автор, долгогодишен претседател на Меѓународната организација на писатели ПЕН, има многу необичен стил. Тој „вози“ на горивото на добрата, но вообичаено изведена проза, до моментот кога нешто во неа „кликнува“ и возилото почнува да се одлепува од земјата. Одеднаш сите дотогаш обични ликови добиваат морничави црти, во кои на моменти препознавате и такви на вам познати луѓе. А ако сте баш фер, во нив ќе видите и свои.

Звучен дизајн на хорор филмови наменет за оние со нарушен слух

Кога станува збор за хорори, звукот игра суштинска улога во создавање на чувството на страв и возбуда. Сега компанијата Самсунг се обидува низ современа технологија на звук да им го пренесе и на оние кои не можат да го слушнат.

Зошто оркестрите се штимаат на „ла“?

Во публиката уште има блага раздвиженост на луѓе што доцнат, се исклучуваат мобилните, се чувствува тензијата на нешто што се подготвува да почне. И потоа, продорен но топол звук на обоа, која му дава знак на целиот оркестар дека треба да почне да се штима.

Регето влезе на листата на глобално културно наследство на УНЕСКО

Меѓународната организација го додаде овој музички жанр во својот список на „нематеријално културно наследство“ по кандидатура на Јамајка - лулката на регето.

Како Инките си ја запишувале историјата со врзување јаженца

Нешто да си „врзеш во чворче“ значи да го земеш за сериозно и да го запамтиш. Не знаеме каква е поврзаноста на оваа наша изрека со далечните и древни Инки, но после оваа статија некако сме уверени дека таква постои.

Што е тоа „емоционален труд“?

Терминот стана централен во актуелната дискусија околу поделбата на домашната работа. Но социологот кој го има смислено вели дека тоа не е неговата коректна употреба.

Фотографија од изгрејсонце на Марс претворена во музика

Вчера, 26.11, на Марс успешно се примарси (соодветна варијанта на „приземји“) сонда на НАСА, која за да стигне таму помина пат од 428 милиони километри во тек на шест месеци. Нејзиното слетување предизвика големо медиумско внимание. Но притоа сите како да заборавија на еден постар „жител“ на Марс испратен од Земјата - роботче, кое по напорна кариера неодамна се самопензионира.

Слепиот пијанист кој освојува престижни награди

Не е толку познат како Стиви Вондер, Реј Чарлс или Бочели. А неговата успешна приказна покажува колку е сепак тешко за слепите и слабовидни лица да дојдат до ресурси потребни за изведување класична музика.

Бертолучи: Бев заљубен во Брандо

Славниот италијански режисер замина на 77-годишна возраст, оставајќи зад себе легендарни филмови и пар скандали. Во 2004, кога почина Марлон Брaндо, тој напиша отворено писмо во кое го опиша турбулентниот однос со актерот со кого го снимаше „Последното танго во Париз“.

Како реагирале современиците на Њутн кога тој ја „открил“ гравитацијата?

Да речеме дека тогаш, на преминот меѓу 17 и 18 век, имало Фејсбук. Или да замислиме дека некој решил да прави документарец за откритието на Њутн и собрал неколку негови колеги да се изјаснат. Што би рекле тие?

Може ли сериозната музика да биде смешна?

Има хумористични приказни, блесави цртежи, комични филмови. Може ли музика, па уште и класична, да направи да пукнеш од смеа?

Реакции по веста дека Чиле планира да преименува аеродром во чест на Неруда

Активисти за човекови права велат дека ниту една институција, па ни аеродром, не треба да носи име на човек кој во своите мемоари самиот признал дека силувал слугинка.