Во финалето за годишната награда која се доделува за најлош опис на сексуален чин во проза оваа година влегоа само мажи. Некои од нив и по втор пат во својата писателска кариера. А најголем интерес привлече номинирањето на Харуки Мураками, односно на сцена од неговиот најнов роман, „Убивањето на Комендаторе“, во кој главниот јунак исфрла невозможно големи количества семе.
Сепак, добитникот е американскиот писател Џејмс Фреј, односно делови од неговиот роман „Катерина“, кои од судиите се опишани како „речиси остварени желби на авторот“. Романот раскажува љубовна афера која авторот ја почнал на хедонистичко патување во Франција во 1990-тите. Главниот јунак, Џеј, е млад американски писател во обид, кој пие и брка жени низ Париз, а особено е заинтересиран за норвешка манекенка по која романот го има добиено името.
Жирито се мислело која од големиот број сексуални сцени да ги номинира - дали некоја која се одвива на паркинг, или на задно седиште во такси, но сепак се одлучила за таква која се случува во париско купатило и содржи дури осум референци на свршување.
Авторот изјавил: „Длабоко сум почестен и понизен што ја добив престижната награда. Наклон и на моите колеги-финалисти - сите вие ми овозможивте убаво поминато време читајќи во текот на изминатата година“.
Во 25-годишната историја на наградата, само три авторки го имаат добиено признанието за „мизерно напишани, недоволно мотивирани и непотребни пасуси со сексуални описи во модерната проза“.
Сите досегашни добитници тука