Секоја боја на годината предвидува или поттикнува нешто во врска со модата, декорирањето и дизајнерските трендови, отсликувајќи, според Институтот Пантон, „што му е потребно на светот денес“. А она што ќе му биде потребно во 2019 според нив е - загасита теракота или пастелно пустинска. Оваа нијанса е смирувачка и некако среќна, или барем тоа го очекуваме од боја во стресни времиња, да биде топла и природна.
Пантон ја прогласува бојата на годината која следи врз основа на опсежни истражувања, од следење постови на социјални мрежи до разговори со уметници и дизајнери, посета на уметнички изложби и модни настани. Компанијата ја нарекла нијансата „Жив корал 16-1546“, а таа се забележува, на пример, на голем број фотографии на инстаграм корисници, бидејќи создава чувство на залез на сонце и некаков „зен“. Живата корална според нив „охрабрува лежерни активности“ и асоцира на интимност и поврзаност.
Природата беше инспирација за боја на годината и за 2017, кога одбраната нијанса беше Greenery 15-0343.