Готфрид Лајбниц, математичар: Кога Исак прв пат ми ја објасни неговата теорија, се сеќавам дека бев импресиониран. Не од теоријата, бидејќи колку што можев да заклучам таа генерално велеше дека работите паѓаат. Туку од нејзиното име. „Гравитација“. Влегува во уво. Како нешто што може да се рекламира. Знаев дека ќе постигне успех, иако уште не ми е јасно како стана толкав феномен. Ама ок.
Едмонд Халеj, астроном: Исак е апсолутен гениј за брендирање. Мислам, сите знаевме дека работите паѓаат. Не е дека тој го измисли. Но тој беше прв кој вистински го продаде. А приказната за јаболкото што паѓа од дрво? Баш добра финта. И обичните луѓе го разбираат, иако не му е тоа целта на секој научник.
Волтер, писател: И јас можев да ја откријам гравитацијата, ш`о? Мислите никогаш не ми паднало јаболко врз глава? Тоа всушност ми се случува цело време. Имам една јаболкница во двор, грозно дрво. Има некаква болест. Стално ми паѓаат јаболки врз глава. Го мразам! А, за ш`о зборевме? Аха, да. Њутн. Добар тип.
Халej: Да одеше наоколу и да се нарекуваше „Исак Њутн, човекот што забележа дека работите паѓаат“ веројатно немаше да предизвика толку внимание. Ама сè се сведува на тоа да си добро вмрежен и да се испромовираш. Да речеме дека постојат одредени видови луѓе кои си го сфаќаат тоа.
Лајбниц: Немојте да мислите дека сум завидлив. Не сум. Јас го измислив калкулаторот со запчаници, кого луѓето ќе го користат следните векови. Двајцата си имаме по нешто. И тоа е во ред.
Халеј: A знаете дека јас го финансирав неговото истражување на Трите универзални закони на движењето? Како можеше да не ми даде процент за тоа? Човекот продава ветар и магла. Слушни го ова срање: „Објект во мирување останува во мирување, а објект во движење останува во движење“. Значи работите остануваат онакви какви што се освен ако нешто не се промени. Супер! Многу добор, многу специфично откритие. Фала што ни кажа, Исак.
Халеј: Можеби нема јасно правило што всушност претставува откритие. Мислам, може да биде што и да е? Да кажеш нешто што е очигледно, да му ставиш јако име и да те прогласат за гениј? „Еј, смислив нов закон. Се вика Законот на...масите. Вели дека маса ќе остане маса освен ако не се скрши“. Вау! Многу паметно. Ја бе имам откриено е*ена комета. Е тоа е откритие!
Исак Њутн, пронаѓачот на гравитацијата: Со кого сте правеле муабет? А, се сеќавам на нив. Заедно работевме наука кога почнував. Што ли се случи со дечките?
Извор: Њујоркер