Во 1665-1666 Тринити колеџ, местото каде што студирал Исак Њутн, морал да биде затворен заради епидемија на бубонска чума. Неоптоварен со видео конференции преку Зум или задачи испратени преку Вибер, Исак на својот селски имот успеал да се сконцентрира на нештата кои го преокупирале, и да остави траен белег во науката. Но дали ова било пресудно за неговите епохални откритија?