Годината е 2006. Само што се случила премиерата на „Демонот од Дебар маало“ на Горан Стефановски во Драмски театар. Режија Слободан Унковски, во актерската екипа, меѓу другите, Јовица Михајловски, Билјана Беличанец, Драган Спасов. Музика Влатко Стефановски.
Една студентка по новинарство тогаш за семинарска го прави својот прв радио прилог во животот. Бидејќи и самата глуми во аматерски претстави, бира тема од театарот. Снима осврт на „Демонот“, зема изјава од Горан и од неколкумина актери.
Во прилогот, некаде по првата минута, еден од нив, кој го игра претседателот на државата, ја објаснува суштината на претставата, која и тогаш звучела морничаво, но денес уште повеќе.
Дали во меѓувреме сите станавме демони, или човечки ќебапи?