Самсунг Нордикс, во соработка со рекативната агенција Вендерфалк, продукциската компанија Чимни и звучниот дизајнер Пер Сундстром, го редизајнирале филмското искуство за шведскиот романтичен-хорор филм (и таков жанр имало!) „Пуштете го вистинскиот“ од 2008, а по повод десетгодишнината од неговата премиера.
Генерално, се работи за нагласување на бас-фреквенциите, така што филмското аудио може да се почувствува на целото тело, преку вибрации. Ова го менува доживувањето на филмот не само за оние со проблеми со слухот, туку и на публиката која нема таков хендикеп.
Во долното видео се интервјуирани креаторите на овој звучен дизајн, кој според нив не е ни некаков револуционерен пронајдок - се работи само за начинот на размислување во врска со технологијата, која ги има сите потенцијали да биде она што модерно се нарекува „инклузивна“. Со други зборови, да им го разубави и олесни животот на повеќе луѓе, вклучително и на оние со хендикеп