Bookbox

Замислете дека сте маж кој последниве триесет години имал многу близок пријател, маж, со кого не само што професионално соработувал туку и пиел по кафани, се тепал и правел други стереотипно „машки“ нешта. Одеднаш, на 61 година, вашиот пријател ви кажува дека ќе стане жена, со цицки, репче и цветни фустани. Дали ќе му понудите да тргнете на пат низ земјата за да го поддржите во оваа идеја?

„Помошно средство за секаква намена за потребите на вашата канцеларија или дом“. Вака гласи препорака со пет ѕвездички на книга на Амазон. Не која било книга, туку учебник со 1279 страници, тврда корица и (навидум) едноставен наслов: „Гравитација“.

Шарлот, Емили и Ен не се ни Бронт, ни Бронте, туку Бронти?

Денес, 26.09., излезе вест дека е исправена грешка направена уште пред 85 години, со тоа што во Поетското катче на Вестминстерската опатија презимето на сестрите кои на македонски (српски, бугарски) ги знаеме како БронтE биле напишани без две точки врз е-то. На англиски без тие ознаки некој може да го прочита презимето како „Бронт“, а всушност е Бронти.

Oд каде потекнува идејата за „рамноправност“?

Човечката историја е цик-цак линија на доминација и обиди за регулирање на истата, со развивање на кооперативни начини на живеење. Последново е „цик“-от. А „цак“-от е огромен чекор нaназад во периоди кога поради потреба од работна рака (поради земјоделие или индустрија) хиерархиските структури повторно биле воспоставувани, посилни од претходно. 

Kaранфилче: ароматичниот зачин кој создал империи

Позади еден навидум скромен зачин стои сложена историја на царства и профити, колонијализам и глобализација. Според локалните верувања, пак, растението имало еден куп моќи. Жените од островите го користеле тајно како афродизијак, верувајќи дека го зголемува сексуалниот апетит. Мажите го користеле во време на војна, сметајќи дека ги прави невидливи и оттаму неранливи. 

Зошто не можеме да живееме 200 години?

Сите луѓе стареат, тоа е дел од нашата биологија која ни го огрaничува „рокот на траење“ до максимални 120 и нешто години. Но не сите животни искусуваат стареење во текот на животите, барем не на истиот начин. Што е можната причина за ова?

Најголемите и најнеобичните аукции во 2023

За нас малку познатиот свет на аукциите покажува дека за сè има и цена и купувач. Од микроскопски рачни чанти до стари светилници, во оваа година се случија и рекордни продажби на секакви нешта, стари и нови, материјални но и такви кои не можат баш да се подведат под оваа категорија.

Куакубе: зборови од цел свет кои влегоа во употреба во 2023-та

При крајот на годината вообичаено се анализираат изрази и зборови кои биле популарни во „лингва-та франка“ на нашето време, англискиот. Но покрај нив луѓето од цел свет низ своите јазици ги изразуваа своите чувства, желби и стравови, понекогаш измислувајќи зборови кои до тогаш не постоеле, или вадејќи од јазичен „нафталин“ такви кои се подзаборавени. 

Кога Салвадор Дали си побарал жив слон како хонорар

Денес летањето со авион е само уште еден начин на транспорт. Но во 1960-тите тоа било знак на престиж, особено на летовите на кои можело да се пушат пури и да се ужива во кавијар и шампањ. Ер Индија била таква, топ авио-компанија, која на своите клиенти им подарувала скапоцени подароци - на пример пепелник дизајниран од Салвадор Дали.

Прстот на Мортон: најчудниот симбол на убавина во историјата на човештвото

Прво соблечете ги чевлите. Па чорапите. Погледнете си ги прстите на нозете. Дали вториот прст ви е подолг од палецот? Ако да, тогаш можете да се гордеете. Вие сте симбол на убавина, како и Статуата на слободата и Милоската Венера.

По неодамнешниот хакерски напад Британската библиотека постои, ама и не баш

На 31 октомври 2023, Британската библиотека беше жртва на голем сајбер-напад. Таа денес е физички отворена, но нејзината дигитална инфраструктура е целосно „замрзната“. Ова поттикнува дискусии за тоа што претставува денес институцијата „библиотека“, и дали се тоа навистина само големи простории полни со книги?

Јапонците го одбраа „данок“ за канџи-симбол на 2023

Победникот во натпреварот за збор, односно канџи-симбол на 2023-та, го отсликува стравот од растечките даноци како и генералните поскапувања на жителите на Јапонија. Второто место е за симболот за „жешко“, што се должи на високите температура со кои се соочи земјата ова лето. 

Екстремно ретка птица која е пола женско, пола машко

Зелената тангара (green honeycreeper) е втора регистрирана машко-женска птица, по дури сто години откако е откриена првата. Но нејзиното постоење денес е загрозено. 

Оомантија - пророкување на иднината со јајца

Свесни сме како звучи насловот, па да појасниме. Јајцата треба да се живи и скршени. Најдобар период за процедурата е Нова година, а во растечената белка можеби ќе најдете одговор за иден брачен партнер или дали сте урочени.

Пекара од пеколот

Археолозите открија брутална „затвор-пекара“ во Помпеја, каде робови работеле со часови во мрак, во тесен простор, заедно со магариња кои го мелеле житото. Наодот се совпаѓа со изложба на локацијата, „Другата Помпеја: обични животи во сенката на Везув“, која се отвора денес, 15.12. 

Oд кога не сте испешачиле на раат?

Сообраќајни гужви, тензии на работа, недовршени обврски во старата година. Ставаш слушалки, пушташ плејлиста и тргнуваш без посебна цел да шеташ по кеј и низ парк. Се враќаш дома како нов човек, со ум кој како да поминал низ оние сунѓерите што вртат во автоперална. 

Раниот Мики Маус, „Љубовникот на лејди Четерли“, „Циркус“ на Чаплин: што ќе се ослободи од авторски права на 1 јануари 2024-та?

Уште при крајот на тековната година излегуваат списоци со дела кои во следната ќе влезат во јавен домен, што значи дека ќе станат слободни за споделување и реупотреба. Оваа година изгледа ќе има добра „берба“. 

Можеби нема дрвено железо, но има стаклено дрво

Појак од пластика и поотпорен од стакло, овој материјал полн смола се користи за смартфон екрани, затемнети стакла и уште куп други производи. И покажува дека, иако звучи како парадокс, дрвеното стакло е всушност можно.

Кога за малку слонот Дамбо ќе бил избран за „Цицач на годината“ на списанието Тајм

1941. Во Европа беснее Втората светска војна. Светот е во депресија, неизвесност, страв. Уредниците на магазинот Тајм одлучуваат малку да ги развеселат читателите и на насловна да го стават Дамбо како „Цицач на годината“. Ама нешто им ги менува плановите.

Најпопуларните Википедија страници за 2023

Википедија на англиски оваа година собра над 84 милијарди прегледи, според бројки соопштени од Фондацијата Викимедија, непрофитната организација која стои зад бесплатната и јавно уредувањата онлајн енциклопедија. Најпопуларната статија за оваа година, очекувано, се однесува на ЧетГПТ.

Вистинската приказна зад „Убиец на цветната месечина“ - новиот филм на Скорсезе

81-годишниот Скорсезе e неуморен и за среќа уште активен во раскажувањето епски приказни, често пати полни со крваво насилство. Овој пат во вестерн-трилер базиран на истоимената книга на Дејвид Грен чиј поднаслов е „Убиствата на членовите на племето Осејџ и раѓањето на ФБИ“.

Музејска збирка од над 2000 предмети отстранети од стомаци, грла и бели дробови на луѓе

Ви текнува кога во епизода на „Доктор Хаус“ тој извади играчка-полицаец од нос на дете, кога никој не знаеше зошто тоа не може да дише? Е, овој доктор вадел многу нешта кои возрасни и деца ги голтнале или вдишале и од тоа направил збирка, во која истите се уредно систематизирани и каталогизирани. Од сите тие штрафчиња, копчиња и играчки може да се направи мал расказ како завршиле во нечиј абдомен или бели дробови.

Најдобри книги за музика за 2023-та

Од нешто што се опишува како ултимативна историја на бендот Кјур, преку расизмот во панк музиката, до подемите и падовите на поп сцената од 1990-тите, ова е еден можен избор на најдобрите музички книги од годината што изминува. 

Бендот „Кис“ доби дигитални аватари за да остане „вечно млад“

Рок групата е прва во САД која ги овековечи своите изведби со дигитална рекреација. Дигиталните „дупликати“ на нејзините членови на овој начин ќе продолжат да свират и по својата последна, проштална турнеја.

Најдобри научно-популарни книги за 2023

Од приказни за океанските длабочини до ѕвездите на небото, ова се научно издржани но сепак читливи книги на куп теми за кои најмногу се зборуваше/пишуваше годинава што изминува.

Вејтс на подкаст кај Иги Поп

На 7 декември традиционално го одбележуваме роденденот на Том. Човекот што за жал веќе ретко се појавува во јавност, последен пат бил на турнеја во 2008, „најновиот“ албум го издал во 2011, а почесто го гледаме на филм отколку со инструмент в рака. Ама еве, му дошол на Иги Поп на гости. 

Букбокс гледаше: „Синоокиот самурај“ (мини-серија, 2023)

Едно од најдобрите нешта што му се случиле на Нетфликс, не само оваа година. Анимирана серија која ќе им се допадне и на оние кои вообичаено не го сакаат ваквиот филмски жанр, затоа што е визуелно прекрасна, а истовремено потсетува на најдобрите крвави акции кои некогаш биле снимени.

„Ти посакувам добро здравје и среќа во Новата“ - дали честитките се остаток од магиското мислење?

„Се надевам дека оваа порака ве наоѓа во добро здравје и расположение“ или „Здраво, одамна не сме се слушнале, се надевам си ок“ се толку чести воведи во поофицијални и приватни обраќања што нашиот ум веќе ги прескокнува, одејќи директно кон поентата на мејлот. Но тие можеби и не се толку излитени фрази колку што изгледа. 

Кога мажите облекле фустани за да протестираат против повисоки даноци

Во ноември 1843, значи пред 180 години во Велс владеела турбулентна политичка клима поради високите даноци кои требало да ги плаќаат земјоделците. Гневни, тие нашле начин како да привлечат внимание, но не само како пародија, туку и како реална бунтовничка симболика.