Истражувачи регистрирале редок примерок на зелена тангара во Колумбија, која е половина женско, половина машко. Ова меѓу другото се забележува преку тоа што нејзините пердуви се поделени точно на средина на телото, при што оние во сина боја типични за мажајците се на десната страна, а смарагдно зелените типични за женките на левата.
Билатералниот (обостран) гинандроморфизам се појавува кај различни видови, вклучително пајаци, пеперутки и гуштери, иако никогаш не е забележан кај луѓето. Кај луѓето биолошкиот пол е одреден од хромозомите - оние кои се родени како типично женски имаат два Х хромозоми, додека типично машките два Х и еден Y хромозом. Но кај птиците е обратно. Нивните хромозоми се означени со Z и W - женските имат Z и W, а машките два Z хромозома.
Oва значи дека гинандроморфизам може да се појави доколку птицата произведе едно јајце но со две јадра, едно со Z и едно со W хромозом, кое e „двојно оплодено“ од два сперматозоида со Z хромозоми.
Ваката полово мешана птица се однесува како и секој друг претставник на видот, иако орнитолозите како да запаѓаат во поетско расположение кога ја опишуваат како „поосамена“ и без ентузијазам за церемониите на спарување, што најверојатно значи дека самата не се репродуцира.