Најпопуларните Википедија страници за 2023

Википедија на англиски оваа година собра над 84 милијарди прегледи, според бројки соопштени од Фондацијата Викимедија, непрофитната организација која стои зад бесплатната и јавно уредувањата онлајн енциклопедија. Најпопуларната статија за оваа година, очекувано, се однесува на ЧетГПТ.

Најкликаната статија на Википедија за 2023 е онаа посветена на ЧетГПТ (целосното име е Chat Generative Pre-Trained Transformer), кој навлезе во јавната свест пред само една година, а веќе е присутен во училиштата, здравството, правото па дури и во верските обреди. Оттаму, и не е чудно што корисниците на Википедија отишле на сајтот за да се запознаат со дебатите за потенцијалните опасности и предности на генеративната вештачка интелигенција.

Втората најчитана статија на Википедија за 2023 е многу поинтересна - годишната листа на починати, која во последно време доживува растечка популарност. Во 2022 таа беше на четвртото, а во 2021 (веројатно поради пандемијата) беше дури на првото место на најчитаните статии. Поединечни текстови за познати личности кои починаа оваа година исто така предизвикаа голем интерес, како оние за Метју Пери и Лиза Мари Присли.

На трето место е високо очекуваното (добро не е баш такво кај нас) светско првенство во крикет, а на четвртото следи Индиската премиер лига во истиот спорт. Петото и седмото место го заземаат филмот Опенхајмер односно биографијата на Џ. Роберт Опенхајмер. Од значајните светски политичко-воени настани фигурира Украина но на далечното 24-то место.

Во бројки тоа изгледа вака:

1. ChatGPT: 49 490 406 прегледи

2. Deaths in 2023: 42 666 860 

3. 2023 Cricket World Cup: 38 171 653 

4. Indian Premier League: 32 012 810 

5. Oppenheimer (film): 28 348 248 

6. Cricket World Cup: 25 961 417 

7. J. Robert Oppenheimer: 25 672 469 

8. Jawan (film): 21 791 126

9. 2023 Indian Premier League: 20 694 974 

10. Pathaan (film): 19 932 509 

11. The Last of Us (TV series): 19 791 789 

12. Taylor Swift: 19 418 385

13. Barbie (film): 18 051 077 

14. Cristiano Ronaldo: 17 492 537 

15. Lionel Messi: 16 623 630

16. Premier League: 16 604 669

17. Matthew Perry: 16 454 666 

18. United States: 16 240 461 

19. Elon Musk: 14 370 395 

20. Avatar: The Way of Water: 14 303 116

21. India: 13 850 178 

22. Lisa Marie Presley: 13 764 007 

23. Guardians of the Galaxy Vol. 3: 13 392 917

24. Russian invasion of Ukraine: 12 798 866 

25. Andrew Tate: 12 728 616 

извор

12 декември 2023 - 17:29