Bookbox

Цело време мислевме дека станува збор за турцизам. Ама името да ти доаѓало од шкотскиот инженер Џон Лаудон Мекaдам, кој осмислил поевтин и потраен начин за изградба на патишта, поставувајќи ги темелите на технологијата што подоцна ќе доведе до современите асфалтни коловози.

Родниот град на легендарната четворка ќе добие нова, oгромна туристичка атракција посветена на бендот. Проектот ќе ги оживее клучните места од историјата на Битлси, од нивното детство во Ливерпул до концертите во Хамбург, Лондон и Њујорк.

Кога лондонските улични светилки служеле кафе, чај и „течно говедско“

Многу пред автоматите за кафе и „паметните“ градови, Лондон експериментирал со улични светилки што, покрај осветлувањето, нуделе топли пијалаци, цигари, разгледници, па дури и директна телеграфска врска со Скотланд Јард.

„Читајте!“ - би имала ли ефект ваква кампања кај нас?

Од Бил Козби и Опра Винфри до Даниел Редклиф и Стивен Хокинг – повеќе од 180 познати личности позирале со омилената книга во раце, во кампања на Американското здружение на библиотекари што трае веќе четврт век, а која порачува нешто едноставно: читајте.

Шпато: човекот што изработи дигитален каталог на неговите дела

Драга Ѓаконовски-Шпато (1931-1987), основоположник на македонската забавна и џез музика, има улица во Дебар маало. Но до скоро немаше едно место на кое можеа да се најдат неговите попознати и помалку познати дела. Еден ентузијаст „сас своите десет прсти“ го направи тоа за нас. 

„Реална книга“ - приказната за најпиратираната џез песнарка

Од средината на 1970-тите речиси секој џез музичар имал примерок од истата книга. Со кремаста насловна, нападно лого и црна пластична спирала, таа додуша повеќе личела на скрипта. Внатре имало нотни записи за стотици популарни џез мелодии, испишани со рака. Книгата се викала - Реална.

„Кодирана предрасуда“ (2021)

Тезата на овој филм е истовремено многу логична, но и многу вознемирувачка. Ако живееме во свет полн со предрасуди, дискриминација по основа на социјално потекло и родова припадност, тогаш како е можно вештачката интелигенција - алгоритмите кои се наше, човечко дело - да бидат поинакви?

Запознајте ја британската партија „Бла!“

Името требало да асоцира на глупостите кои ги трескаат политичарите, а водач на партијата бил музичар со разумно име и хит од 1980-тите.

Светот и претходно знаел за вакцинални пасоши

Годината е 1885. Американските погранични власти во доцниот 19 век не очекувале патниците да поседуваат документи кои денес се подразбираат за меѓународни патувања. Но тие од нив барале да покажат една од овие три работи како доказ дека прележале големи сипаници: документ за вакцинираност, соодветна лузна на раката или „издупчено“ лице.

Kнига со загатки нуди можност за награда - златно сандаче вредно 750.000 евра

„Златното богатство на француско-англискиот договор“ на читателите од овие две земји им нуди шанса да добијат во лична сопственост артефакт со голема историска, а богами и финансиска вредност.

Џордан Питерсон како зол лик од „Капетан Америка“?

Во ново издание на стрипот на Марвел за Капетан Америка, неговиот постојан непријател Ред Скал изгледа како да ги промовира идеите од книгата на Питерсон „12 правила за животот“. Тој пак не е воодушевен.

Кастинг директорите бараат да бидат вклучени во Оскарите

Наградите Еми, Бафта, како и повеќе други филмски награди доделуваат годишно признание на кастинг директорите. На Оскарите такво нешто не постои и тоа за многумина е чудно, а за самите кастинг директори и навредливо.

Чување бебиња-роботи како сексуално образование?

Со шубе насловов да не се сфати како предлог, да појасниме дека ова е експеримент во американски средни училишта. Чии резултати се оценети како сомнителни.

„Чувари“: советската верзија на „Господар на прстените“ од 1991

И да знаете и да не знаете руски, доколку сте фанови на Толкин или доволно љубопитни, на јутјуб во моментов над 700.000 луѓе гледаат актуелизирана руска верзија на ЛОТР, правена во време на распад на некогашниот СССР.

„Подобри денови“: кинескиот кандидат за Оскар

Филмот кој зборува за школски банди, „булинг“ и суров натпревар за упис на факултет, најпрвин не беше дочекан со радост од официјална Кина. Но кога беше пуштен во кино салите прерасна во поп-културен феномен, заработи над 200 милиони долари, и стана хонгконшки кандидат за Оскар.

„Сестрите Палавееви: на пат кон новиот свет“ од Алек Попов

Втор дел од сагата за супер-хероините Кара и Јара Палавееви. Ако првата книга беше сатирична, оваа е веќе отворено дрска, а инвестицијата во сериозноста на зафрканцијата ѝ дава легитимитет да биде таква. Кој знае што да очекуваме aко има трета...

Приказната за eден 400 години стар пресаден нос

Дури и денес примањето орган од донатор прави некаква невидлива врска помеѓу сопственикот и оној кому му е пресаден. Но приказната за еден пресаден нос од 17 век покажува колку буквално тоа се разбирало во минатото. 

Aстронаутката на чијшто гроб фановите оставаат банани

Се викала госпоѓица Бејкер и била дел од американската вселенска програма од доцните 1950-ти. Била шармантна, два пати мажена и дочекала длабока старост. 

Кога Курт Вонегат постариот поместил цела зграда (сосе луѓе внатре)

Денес, кога на некоја компанија и треба повеќе простор таа се сели во поголема зграда, ја проширува постоечката или ја руши и гради нова и поголема. Но до сега не сме слушнале некој просто да ја помести онаа во која работат луѓето за да направи место за доградба.

Сериозни првоаприлски вести за кои сите мислеле дека се априлилили

До пред нешто повеќе од една година вест за глобален смртоносен вирус би се сметала за лош виц. Но низ историјата на овој датум имало такви медиумски објави кои биле толку неверојатни што често биле толкувани како местенки. А всушност биле вистински.

Дали правата за книги треба да бидат бесплатни?

Прашањето за тоа кој треба да ги поседува книжевните дела и колку долго е тема на остра полемика. Неа ја предводи движење за укинување на авторското право, или барем за намалување на неговото времетраење. 

„Игра на тронови“ станува претстава

Премиерата ќе се случи во 2023, а претставата ќе се однесува на значаен собир кој се случува една деценија пред настаните опишани во романот на Мартин и хит ТВ серијата.

Зоолошки водич низ галаксијата

Нова книга истражува што би можеле да ни кажат својствата и изгледот на животните на нашата планета за оние кои живеат (ако живеат) во други делови од вселената.

Опсесивните собирачи на автограми од 19 век

Немало лек за оние опседнати со собирање автограми од познати личности во текот на 1880-тите. За да се добијат скапоцените потписи, или какви и да е пишувани белешки, не се бирало средства.

Фотографот кој осум години пешачи низ светот по патот на човечката миграција

Двократниот добитник на Пулицер, Пол Салопек, го документира светот на неговиот глобален повеќегодишен пат наречен „Излегување од рајот“ (Out of Eden Walk).

Другарка мадам: приказната за сопругата на советскиот амбасадор во САД

Ајви Тереза Лоу Литвиноф (или Ајви Валтернова Литвинова) била англиско-руска писателка и преведувачка, сопруга на советскиот дипломат и министер за надворешни работи Максим Литвинов. Но и неофицијална дипломатска „хостеса“, на англофоните во СССР и на русите во САД.

„Татко“: како е постигнато чувството на дезориентација во филмот?

Новиот филм со Ентони Хопкинс е трогателен и моќен, а за тоа придонесуваат најмалку два елемента: неговата одлична глума, но и нешто што се вика „продукциски дизајн“ а на кое ретко обрнуваме внимание.

Госпоѓа Еџ: приказната за радикалната спасителка на птици

Нејзината појава е опишана како мешавина на кралицата Мери и ловечки пес - упорна, опседната со заштитата на птици и на сиот жив свет, таа успеала да ги помрдне нештата во конзервациските кругови. Денес нејзиното име сепак не е толку познато.

Историја на едно овошје со вулгарно име

Ние ја викаме „мушмула“, а таа е необична затоа што спаѓа во оние овошки кои треба да скапат за да бидат зрели. Сепак, најнеобичното е поврзано со нејзиното старо име на повеќе јазици.