Bookbox

Цело време мислевме дека станува збор за турцизам. Ама името да ти доаѓало од шкотскиот инженер Џон Лаудон Мекaдам, кој осмислил поевтин и потраен начин за изградба на патишта, поставувајќи ги темелите на технологијата што подоцна ќе доведе до современите асфалтни коловози.

Родниот град на легендарната четворка ќе добие нова, oгромна туристичка атракција посветена на бендот. Проектот ќе ги оживее клучните места од историјата на Битлси, од нивното детство во Ливерпул до концертите во Хамбург, Лондон и Њујорк.

Кога лондонските улични светилки служеле кафе, чај и „течно говедско“

Многу пред автоматите за кафе и „паметните“ градови, Лондон експериментирал со улични светилки што, покрај осветлувањето, нуделе топли пијалаци, цигари, разгледници, па дури и директна телеграфска врска со Скотланд Јард.

„Читајте!“ - би имала ли ефект ваква кампања кај нас?

Од Бил Козби и Опра Винфри до Даниел Редклиф и Стивен Хокинг – повеќе од 180 познати личности позирале со омилената книга во раце, во кампања на Американското здружение на библиотекари што трае веќе четврт век, а која порачува нешто едноставно: читајте.

Шпато: човекот што изработи дигитален каталог на неговите дела

Драга Ѓаконовски-Шпато (1931-1987), основоположник на македонската забавна и џез музика, има улица во Дебар маало. Но до скоро немаше едно место на кое можеа да се најдат неговите попознати и помалку познати дела. Еден ентузијаст „сас своите десет прсти“ го направи тоа за нас. 

„Колектив“ (2020)

Романски документарен филм номиниран за овогодинешните Оскари, чиј наслов е име на дискотеката во која во 2015 се случи катастрофален пожар од чии последици починаа 64 млади луѓе, а со тешки повреди поминаа 146.

И шимпанзата се ставија на видео повици за да не бидат осамени

Вработените во сафари паркот „Двор Кралове“ и во зоолошката во Брно организираат дневни онлајн средби за нивните шимпанза, за да им го олеснат карантинот и да го надоместат недостатокот од посетители. 

Што и колку читал Ван Гог?

Нова биографска книга за славниот сликар се фокусира на една негова опсесија - читањето - која само навидум нема врска со неговиот уметнички опус.

Дали ракувањето ќе ја преживее пандемијата?

Нова книга ја истражува историјата на еден гест, кој пандемијата привремено го „замрзна“ но можеби и засекогаш ќе го промени.

Koлку ви тежи душата?

Можеби сте го гледале филмот „21 грам“ со Шон Пен, Наоми Вотс и Бенисио дел Торо. Насловот потекнува од верувањето дека толку тежи човечката душа, кога ќе го напушти човечкото тело по смртта. Но не станува збор за фолклор, туку научна студија објавена на почетокот на 20 век.

Предноста на „амбивертите“

Во црно-белата поделба на интроверти и екстроверти, има зона во која овие два типа се прелеваат во нешто трето - личност која „камелеонски“ се прилагодува на дадените ситуации.

Самоубиството како грев во средовековна Европа

Пандемиската изолација, страв и несигурност причинуваат пораст на самоубиствата во светот. Денес размислуваме за него како за психолошки проблем, но тој е истовремено бил, и сè уште е и религиски.

„Варсити блуз“: скандалот со местенките за запишување на американските факултети

Во 2019 избувна скандал поврзан со местени примања на престижни американски факултети на деца на пребогати родители, кои инаку не би можеле да се запишат на нив. Нов документарец на Нетфликс ја раскажува приказната.

Дали модерните духовни практики поттикнуваат (а не спречуваат) нарцисоидност?

Јога, медитација, разни техники за „работа на себе“ - сето тоа би требало да го смири егото и да претставува антидот на самобендисаност и фокусираност на сопственото „јас“. Ама ако е така, зошто има толку многу Инстаграм селфиња на луѓе во јога пози?

„Судењето во Токио“ (мини-серија)

Кога ќе се споменат судења за воени злосторства по Втората светска војна најчесто се мисли на Нирнбершкиот процес. Популарната западно-европска и американска култура ретко се занимавале со судењата за воени злосторства на Далечниот Исток. Оваа серија е еден таков пример.

Мирисни ја уметноста: една малку поинаква изложба на слики

На изложба на 17-вековно европско сликарство во Холандија ќе бидат поставени и „ароматизери“ кои ќе ја доловат мирисната атмосфера на тоа време. Мирисни кутии можат да се купат и за дома, за следење на изложбата онлајн.

Зулу кралот не се погребува, туку - се сади

72-годишниот крал на народот Зулу во Јужна Африка беше погребан оваа недела, во приватна церемонија обвиена во тајност. Но веста не се однесува на ваквиот „селебрити“ протокол туку на еден детал, кој кажува многу и за тој народ и за начинот на кој се сфаќа авторитетот на владетелот.

„Пропаганда-кондом“: водич за дезинформациски сленг

Методите на ширење дезинформации не се нови, но како што тие се развиваат, и како што стануваат пософистицирани, така станува поширок и опсегот на термини за означување и на оние кои вршат манипулација, и на нивните тактики.

Жената чии вешти раце помогнале да полетаат првите авиони

Во 1910, браќата Орвил и Вилбур Рајт вработиле шивачка од Охајо, која дури сега го добива заслуженото признание, како прва жена - работничка во американската авиоиндустрија.

Како се губи еден јазик?

Станува збор за црцор на птици. Но тоа за нив е еден цел јазик, па оттаму секоја паралела со човечки јазици кои изумираат затоа што на нив едноставно не се (или сè помалку се) зборува, не се ни малку случајни.

„Тајниот агент“ (документарен, 2020)

Помеѓу номинациите за овогодинешните Оскари се наоѓа и чилеански документарец, кој додуша не е баш јасно колку е „местен“ а колку автентичен. Но без оглед на ова, приказната е многу топла и хумана.

Добитниците на Прицкеровата награда за 2021: „Никогаш не руши“

Највисокото светско признание за архитектура некогаш се доделуваше за екстравагантни и револуционерни креации. Оваа година отиде кај француско дуо чие мото е - понекогаш е најдобро да не правиш ништо.

Богатството како клетва: романот од 16 век кој го портретира современиот милијардер

Oд 2010 наваму темата на корпоративната психопатологија е прилично актуелна, а истражувањата покажуваат дека најмалку 1 од 5 бизнис лидери можат да имаат вакви тенденции. Ова може да звучи како последица на современите зла на капитализмот. Но предупредувачки знаци за тоа како богатството може да влијае врз карактерот имало многу порано.

Нобеловецот навлечен на кисело млеко

Денес пробиотските јогурти и кисели млека се вообичаени за превенција или третман на „разбуричкан“ стомак. Заслужен за оваа мода е човек кој живеел во 19 век и бил опседнат со животинскиот и со човечкиот имунолошки систем. 

„Мавританецот“ (2021)

Вистинска приказна, заснована на 14-годишен притвор без конкретно обвинување на Мохамеду Улд Салахи во озлогласениот затвор Гвантанамо. 

„Ту формации“: еуфемизми во медицината

Да речеме дека сте го виделе изразот од насловот во медицински извештај. И да речеме дека сте биле и доволно љубопитни и крајно наивни да помислите дека тоа е некоја специјална формација, која ќе ви се отвори веднаш штом ќе ја изгуглате. Ама „ту“ да не ти било латински, туку „таен“ медицински јазик.

Која е Чечилија Галерани, жената на славната слика на Да Винчи?

Сме ја гледале на гоблени и на oние старите бонбоњери. Сликата „Дамата со ласица“ е портрет на Да Винчи од крајот на 15 век, на жена која делува како симбол на спокојство и чистота. Нејзината приказна е сепак малку покомплицирана, исто како и обичаите во времето во коешто живеела.

Олеснува ако си дозволиш да смениш мислење

Луѓето се програмирани да мислат дека се во право по секоја цена. Борбата против тој инстинкт ослободува.

Телото по 50-тата: фотографско претставување на женското зреење

Во тек на една година, Понч Хокс фотографиралa повеќе од 400 голи жени на возраст од над 50 години, како обид за решавање на еден проблем - тoa што генерално не знаеме како изгледаат телата на постарите жени, кои поп културата и рекламите често ги претставуваат како само малку по „изабена“ верзија на оние младите.