Од јануари 2013, денес 59-годишниот американски фотограф Пол Салопек пешачи од Африка по древната траса на човечката миграција, која започнала помеѓу 50-80 илјади години.
До сега тој има изодено 38.000 километри низ 36 земји, од Етиопија до Аргентина, преку западна Азија, патот на свилата, Индија, Кина, Сибир, западниот брег на северна и јужна Америка, до Тиера дел Фуего во Јужна Америка. Во моментов е заглавен во Мјанмар, која ги затвори своите граници поради пандемијата.
Салопек по образование е научник, но неговиот проект според него се состои од раскажување приказни - бавно и длабинско новинарство. Во текот на патешествието, чие официјално име е Out of Eden Walk, тој ќе се обиде да собере знаење на побавен начин, со почовечко темпо, со тоа вградувајќи во своите дела побогато и подлабоки увиди за пејзажите и животите на луѓето кои ги среќава. Голем дел од него е финансирано преку донации на поединци и организации.
Во интервју за Би-би-си, тој зборува за влијанието на глобалната ситуација врз неговиот план, но и дека во основа работите не се многу променети. Земјоделците се уште садат ориз. Камиони се уште минуваат по калливите патишта низ џунглите за да донесат пиво а да земат свежа риба и дрва. Но од друга страна, неговата порака се нагласува, бидејќи тој и претходно укажувал на меѓузависноста на целата планета, како на луѓето така и на сиот жив свет.
Промената на неговиот светоглед и професионален однос се случила откако по многу години репортерство едноставно се уморил од скокање од кола во авион и обратно. Се чувствувал како во машина, без можност вистински да ги запознае оние кои ги фотографира. Сега неговиот проект е некој вид протест против ваквиот начин на работа и живеење, повик за забавување на 5 километри на час, како што на тоа се навикнати нашите мозоци, кои се уште се штелувани на камено време.
Запрашан кои би биле неговите планови откако ќе излезе од Мјанмар тој вели - „Пешачењето те учи да немаш очекувања. Едноставно, немам поим“.
Фотографии од проектот можат да се видат тука