Ново издание на „Капетан Америка“, том 9 број 28, напишан од познатиот новинар и автор Та-Нехиси Коутс, содржи верзија на злиот лик Ред Скал, десничарски водач на организација по име Хидра (во некои од стриповите и нацистички агент и протеже на Хитлер) кој се обидува да ги радикализира младите мажи. Тој им го кажува „она што тие отсекогаш сакале да го слушнат...дека се тајно брилијантни. Дека сиот свет е против нив. Дека ако се навистина мажи ќе возвратат. И дека треба да бидат подготвени и да умрат за тоа.“
Помеѓу неговите идеи некои препознаа асоцијации на книгата „12 правила за животот“ на Питерсон (и новото продолжение, „После редот: уште 12 правила за животот“), а кога го тагнаа во ваков пост неговиот одговор беше: „Дали навистина живеам во универзум каде моите идеи се дел од филозофија на архетипски зол лик?“, напиша Питерсон на Твитер. „Не е тешко да се биде шокиран од надреалноста на нашето време“.
Do I really live in a universe where Ta-Nehisi Coates has written a Captain America comic featuring a parody of my ideas as part of the philosophy of the arch villain Red Skull? https://t.co/waFsAvWlfd
— Dr Jordan B Peterson (@jordanbpeterson) April 6, 2021
Стрипот содржи претстави на мажи кои протестираат низ САД, носејќи ја маската на Црвениот скелет и американското знаме. И ова не е прв пат истиот лик да се користи во политички контекст - претходно (во 2019) анонимен твитер профил објавуваше цитати на Трамп вметнати во панели од стрипот.
Коутс е добитник на Националната книжевна наградата за „Помеѓу светот и мене“, напишана во форма на писмо до неговиот син тинејџер за реалноста на тоа да се биде црн во САД. Има пишувано за серијата стрипови Блек Пантер, а е еден од авторите и на филмот за Супермен кој треба да излезе наскоро. „Капетан Америка“ го пишува последниве две и пол години. До сега ја нема искоментирано наводната врска меѓу Питерсон и Ред Скал.