Bookbox

Цело време мислевме дека станува збор за турцизам. Ама името да ти доаѓало од шкотскиот инженер Џон Лаудон Мекaдам, кој осмислил поевтин и потраен начин за изградба на патишта, поставувајќи ги темелите на технологијата што подоцна ќе доведе до современите асфалтни коловози.

Родниот град на легендарната четворка ќе добие нова, oгромна туристичка атракција посветена на бендот. Проектот ќе ги оживее клучните места од историјата на Битлси, од нивното детство во Ливерпул до концертите во Хамбург, Лондон и Њујорк.

Кога лондонските улични светилки служеле кафе, чај и „течно говедско“

Многу пред автоматите за кафе и „паметните“ градови, Лондон експериментирал со улични светилки што, покрај осветлувањето, нуделе топли пијалаци, цигари, разгледници, па дури и директна телеграфска врска со Скотланд Јард.

„Читајте!“ - би имала ли ефект ваква кампања кај нас?

Од Бил Козби и Опра Винфри до Даниел Редклиф и Стивен Хокинг – повеќе од 180 познати личности позирале со омилената книга во раце, во кампања на Американското здружение на библиотекари што трае веќе четврт век, а која порачува нешто едноставно: читајте.

Шпато: човекот што изработи дигитален каталог на неговите дела

Драга Ѓаконовски-Шпато (1931-1987), основоположник на македонската забавна и џез музика, има улица во Дебар маало. Но до скоро немаше едно место на кое можеа да се најдат неговите попознати и помалку познати дела. Еден ентузијаст „сас своите десет прсти“ го направи тоа за нас. 

Кралицата на Данска е дизајнер на нов филм на Нетфликс

Актуелната кралица на Данска, Маргрета Втора, на своето дизајнерско портфолио ќе додаде и адаптација на фантастичниот краток роман на Карен Бликсен, „Еренгард“.

Дејвид Седарис: Чуму еуфемизми?

„Татко ти сигурно бил прекрасен човек штом доживеал толкава старост“. Божем тоа функционира така, ти додаваат екстра години за добро однесување. Секакви добри луѓе умираат млади. Знаеш кој живее „добар долг живот“? Дик Чејни. Хенри Кисинџер. Руперт Мардок.

Новиот документарец за Боб Рос не е воопшто идиличен како неговите слики

„Боб Рос: весели грешки, предавство и алчност“ на Нетфликс може да ви го замрачи споменот на човекот со смирувачки глас и вешта четка. Не поради него, туку поради оние кои го опкружувале и експлоатирале, дури и мртов.

Салман Ружди ќе ја објави следната книга на Сабстек

Познатиот автор одбра да ја стави следната книга на онлајн платформа, надевајќи се дека дигиталното сепак нема да го убие медиумот кој му е омилен - хартијата. 

Kога наставниците престанале да ги тепаат децата

Велат дека праксата на телесно казнување значајно се намалила во раниот 19 век, а денес во голем број земји строго се санкционира. Сепак, на некои од нас ушите сè уште ни се црвени од стисокот на учителката. 

Од пирати до хакери: тајната економија на изнудувањето

Успешните киднапери (на луѓе или податоци) ја разбираат врската помеѓу ризикот и наградата. И истата ја експлоатираат.

Џон Лок - таткото на либерализмот - бил „суетен, мрзлив и помпезен“

Новооткриен мемоар на долгогодишен пријател на филозофот тврди дека „големиот“ Лок всушност бил плагијатор и лажел дека никогаш не го читал Хобс, чии идеи всушност ги презел.

„Зелениот витез“ (2021)

Почнува релативно вообичаено - со кралска прослава и еден предизвик. Сè што следи оди контра сите очекувања од eпска фантазија со витези.

Што е тоа „цртање со зборови“?

Од тоа кога некој го пее зборот „ниско“ во низок тоналитет, до посуптилни aсоцијации кои се разбирливи само ако се знае малку музичка теорија, ова е интересна техника која е почеста отколку што се очекува.

„Лето е, и животот е лесен“ - приказната за антологиската песна на Гершвин

Со над 25.000 верзии, „Самертајм“ е најпреработуваната песна на светот. Напишана во 1934, таа е всушност оперска арија.

„Шефица на катедра“ (мини-серија, 2021)

Презабавна серија во шест епизоди за оние кои работат во високото образование, без оглед на која точка од планетава. За оние другите можност да се види како е да си од онаа страна на катедрата, со сите предизвици кои ги носи судирот на професорски генерации, „разбудените“ студенти и финансиската несигурност во академскиот свет.

Индекс, историја на

Под „индекс“ не подразбираме студентска книшка, туку алатка која се наоѓа на крајот на (главно) стручните книги, каде под азбучен ред се наведени важни термини заедно со бројот на страници на кои тие се спомнуваат. Нова книга се однесува на историјата на овој важен додаток.

Допаминот наш насушен - како станавме дигитални зависници?

Нова книга на психијатарот Ана Лембке ја поврзува нашата опседнатост со мобилните телефони со инстинкт стар милиони години - принципот на потрага по задоволство, а одбегнување болка.

Филм на Македокс: „Училиште за надеж“ (2021)

На неколку денови пред почетокот на новата школска година во која ќе се промовираат дигитални учебници, „хибридна“ настава и уште кој знае какви измислици на новото (не)нормално образование, филм за едно школо, во една пустина, до кое тешко се доаѓа и на магаре, и пешки.

„Сочувство за тапанарот“: зошто беше важен Чарли Вотс?

Вчера, 24.8, на 80-годишна возраст почина „поетот на тапани“, „архитектот на рокенролот“, музичарот кој веројатно би било погрешно да се опише како член на Ролинг Стоунси. За многумина (а и за него, кога бил изнервиран) Мик, Kит и Рони биле членови во неговиот бенд.

„Кенсл ми“: нова документарна серија на Џон Клис

Некогашниот Пајтоновец ќе интервјуира „лустрирани“ јавни личности, истражувајќи ги сите аспекти на политичката коректност, која како што вели самиот, сè уште не му е баш јасна.

„Балон“: вистинска приказна за бегство од Источна Германија

Во 1970-тите голем број жители на Источна Германија се обидувале да пребегаат на запад, со разни креативни стратегии и алатки. Еден од нив подразбирал самоделски направен балон за летање, како од роман на Жил Верн.

Нов готвач со рецепти од Симпсонови

Красти бургер, коктел Флејминг Мо, крекерите на Марџи...Нова книга овозможува да се направат јадењата и пијалоците спомнати во серијата.

Кога Вислава Шимборска пишувала анонимна колумна со совети

„Како да почнеш да пишуваш (а потоа да престанеш)“, е нова збирка колумни кои нобеловката Шимборска ја пишувала за полско списание цели 21 година. Англиското издание се очекува да излезе на 5 октомври, а ќе биде илустрирано со нејзини цртежи и колажи.

„Психологија на пандемијата“: книгата којашто никој не сакаше да ја објави

Во октомври 2019 австралискиот психолог Стивен Тејлор објавува нешто што подоцна ќе излезе пророчка книга. Тоа едвај му успева, бидејќи издавачите на коишто им се обратил не верувале во нејзината релевантност и комерцијалност. Сега се бара примерок повеќе.

Што ако во некој јазик нема зборови за „фосил“ или „диносаурус“?

Природно-научните термини и концепти понекогаш се комплицирани самите по себе. Но ова дополнително се усложнува доколку во одреден јазик воопшто не постојат зборови за нив.

Филм на Македокс: „Рендгентска слика на едно семејство“ (2020)

Од денес, 19.8 до 26.8 на четири локации низ Скопје ќе се одржи 12-тото издание на Македокс. Овој филм на иранската режисерка Фирузе Косровани е еден од 70-те документарци на програмата.

Битни, ама „валкани“: работните места за кои не сакаме да слушаме

Вработени во кланици, затворски чувари. Без голем дел од вакви и слични „валкани“ работни места не би можел да се одвива секојдневниот живот. Па сепак, за нив ретко се зборува, а и луѓето најчесто се срамат од она што чесно го одработуваат. Нова книга се обидува да ги регистрира нивните приказни. 

Астронаут ќе диктира од вселената, Французите ќе запишуваат

На 5 септември во 15 часот, Томас Песке од меѓународната вселенска станица ќе прочита извадок од роман на Маргарит Дирас. Снимката потоа ќе се искористи за натпревар во коректно запишување, кој неколку години се одржува во Франција.