Од првата епизода емитувана во 1987 во Симпсонови постојано се спомнуваат различни видови јадења - и тоа не само крофните на Хомер. Нова книга на Лорел Рандолф под наслов „Неофицијалната книга со рецепти на Симпсонови“ (aвгуст 2021) содржи 70 рецепти со инструкции кои се лесни за следење, од професионални готвачи до некој што прв пат се врти во кујна.
Авторката е долгогодишна авторка на готвачи но истовремено и обожавателка на Симпсонови. Таа го води популарниот блог и инстаграм профил Joy of Cooking Milhouse каде и до сега правела јадења од серијата.
Еден од рецептите е практично препишан од третата епизода на четвртата сезона во која Хомер го открива тајниот рецепт за „месечеви вафли“, кои тој ги прави едно неделно утро кога останува сам дома.
Други се Пилешко чили на Мо, Патентираната среќна закуска со крекери на Марџ, Роденденски помфрит од милион долари, Чоколадните експериментални мафини со цреши на Лиза или пунчот на Фландерс. А еве го рецептот за Забранетите палачинки спомнати во четвртата епизода од сезона 5.