Bookbox

Критичарите се крвопиите на индустријата. Никој не нѐ сака. Уште Волтер пишува за овие пијавици кога Кандид ќе стигне во Париз. Ама некој мора да го прави тоа, а и јас се декларирам како филмолог.

Ја користиме без да размислуваме за неа, но поради неа се граделе градови, се отворале рудници, се создавале трговски патишта и политички монополи. Изложбата „Сол: дизајнерска приказна“ во Музејот за дизајн во Атланта ја раскажува историјата на цивилизацијата преку еден од нејзините најобични, но и најважни материјали.

Од митолошките суштества до алармите - зошто се викаат „сирени“?

Врската меѓу античката митологија и модерниот аларм започнува со еден необичен научен инструмент од крајот на 18 и почетокот на 19 век.

Ника Ротшилд: баронесата-заштитничка на џезерите

Имала приватни учители, слуги, раскошни имоти и живот каков што повеќето луѓе можат само да го замислат. Но кога ја слушнала „Околу полноќ“ на Телониус Монк, Ника Ротшилд го пронашла светот во кој навистина сакала да живее. Подоцна, нејзиното име ќе стане синоним за несебична поддршка на џез-музичарите, а нејзиниот дом - засолниште за некои од најголемите имиња на модерниот џез.

По 28 години пешачење низ светот, Карл Бушби се врати дома

Звучи како штоф за филм, а таков наскоро и ќе видиме, во режија на Вернер Херцог. Во 1998 година тогаш 29-годишниот Карл тргнал од јужниот крај на Чиле со 500 долари во џебот и речиси невозможна идеја: да стигне до домот на мајка си во Англија без да користи превоз за да го скрати патот. Речиси три децении подоцна, по џунгли, граници, мориња и безброј препреки, британскиот авантурист е на само неколку стотици километри од целта - домот на неговата мајка во Хал, Англија.

Филозофи, книжевници, етнолози - нека не ве плаши ВИ

Во време кога вештачката интелигенција сè почесто се претставува како закана за работните места и за иднината на човечката работа, дел од водечките луѓе во технолошката индустрија почнуваат да испраќаат поинаква порака. Наместо свет во кој машините целосно ќе ги заменат луѓето, тие гледаат иднина во која човечките способности – емпатијата, комуникацијата, критичкото размислување и креативноста – ќе станат поважни од кога било. Според нив, токму хуманистичките вештини би можеле да бидат најголемата предност во ерата на ВИ.

Букбокс гледанка: „Со среќа, уживај, не умирај“ (2026)

Забавна комбинација на акција-комедија, апокалиптична сатира и референци на популарна култура, што се занимава со една од најголемите современи опсесии: стравот од вештачката интелигенција.

Од Шекспир до Хари Потер: очилата како културен симбол

Очилата одамна не се само помагало за подобар вид. Тие се дел од идентитетот, стереотипен симбол на интелигенција, ранливост, старост или авторитет, а понекогаш и предмет на предрасуди. Нова книга истражува како едно мало оптичко помагало успеало длабоко да влијае врз културата, книжевноста и начинот на кој се гледаме себеси и другите.

Не сме само ние снаодливи: француски професор си измислил награда и се самонаградил

Во Франција избувна необичен академски скандал откако професор по филологија е ставен под истрага поради сомнеж дека сам си измислил престижна награда – а потоа и самиот си ја доделил.

Најконтроверзните моменти од овогодинешното Венецијанско биенале

Во вторникот, 5 мај, во Венеција започна 61-то Венецијанско биенале, во сенка на политички тензии и протести. Засега по популарност водат две дела - едно големо ѕвоно и едно гнездо од галеб.

Благцето со име на коњ

Малкумина знаат дека едно од најпознатите чоколатца во светот - Сникерс - всушност го добило името по коњ. Зад ова не стои маркетиншка измислица или некој митолошки симбол, туку вистинска приказна за семејство, страст кон коњите и американската историја на слаткарството.

„Тука лежи телото на Џонатан Свифт“ - најголемиот епитаф во историјата или порака до непријателот?

Во својот тестамент од 3 мај 1740, пет години пред да почине на возраст од 78 години, Свифт на латински си го напишал епитафот. Тој гласел: „Тука почива телото на Џонатан Свифт, каде дивјачката огорченост нема веќе да му го ранува срцето. Ајде патниче, имитирај го, ако можеш, овој силен бранител на слободата“. Денес текстот стои на натпис на мермерна плоча во катедралата Св. Патрик во Даблин. 

Во речиси сите филмови со Мет Дејмон тој се обидува да се врати дома

Фановите забележале една интересна и помалку комична шема во филмската кариера на Мет Дејмон - без разлика дали станува збор за војна, вселена или митологија, неговите ликови речиси секогаш се обидуваат да се вратат дома. Ќе се врати ли конечно со „Одисеја“?

Што ни кажува овогодинешниот список на Пулицерови награди?

Откако Кендрик Ламар ја доби Пулицеровата (во 2018 - damn!, кога пројдоа?), на оваа тема се нема случено нeшто премногу возбудливо. Сепак, како и секоја голема награда и оваа нешто кажува, за атмосфера, трендови, влијанија. Да видиме што.

На Денот на македонскиот јазик: од каде е зборот „гилиптер“?

Не сме го слушнале одамна, а претпоставуваме дека новите генерации и немат поим што е. Но „гилиптер“ (понекогаш и со ѓ) беше долго време опис на човек, најчесто млад, кој не е за машала - неодговорен, мрзлив, никаков. И сè некако мислевме дека има врска со турскиот. Ама приказната да ти била друга.

Зошто музиката во научната фантастика звучи токму така? 

Прашањето за „звукот на иднината“ има долга историја, но и јасни креативни ограничувања. Вистински „вонземска“ музика е речиси невозможно да се создаде. Ако се обидеш да ја направиш конкретна и слушлива, ја „антропоморфизираш“, односно пак ја врзуваш за човекот и неговата планета. Но ако ја оставиш нејасна, како што правеле старите автори на научна фантастика, ѝ дозволуваш на публиката самата да ја замисли – и токму таму лежи нејзината вистинска моќ.

Oд магионичарски трикови до сообраќајни знаци: флуоресцентната приказна на браќата Свицер

Во историјата на боите постојат малку приказни толку необични како онаа за флуоресцентните нијанси познати како Деј гло (Day-Glo) – денес симбол на безбедност, сигнализација и визуелна привлечност, а некогаш поврзани со темни, речиси морбидни сценски ефекти.

Социјалните мрежи станаа парасоцијални

Во последните дваесет години, она што го нарекувавме „социјални медиуми“ драстично се промени – толку многу што, според најново истражување, денес веќе не станува збор за вистинска социјалност, туку за нешто што се нарекува „парасоцијални медиуми“.

Букбокс гледанка: „Торта за претседателот“ (Ирак, 2026)

Има нешто во блискоисточните филмови (Ирак, Иран), барем во оние кои стигнуваат до нас, кое прави однапред да знаете дека ќе ве потресе. Но не на некој сеизмичен начин, туку тивко, со сцени во кои е доволно да има само две деца со големи очи и еден петел.

Од гордост до фашизам: како светските фудбалски првенства граделе национален идентитет

Од 11 јуни до 19 јули во шеснаесет градови во САД, Мексико и Канада ќе се одржи 23-тото светско фудбалско првенство, прво кое има три домаќини, и прво кое ќе вклучи максимални 48 тимови. Но фудбалот не е само поле за спортски натпревар меѓу народите, туку и за испраќање силни политички пораки.

Џезот и класиката се упростуваат

Новите истражувања покажуваат дека музичките жанрови кои традиционално се сметаат за сложени, како класичната музика и џезот, со текот на времето стануваат поедноставни во својата структура. Иако постарите генерации често тврдат дека музиката „порано била подобра“, научниците сега се обидуваат тоа да го проверат преку конкретни анализи, а не само преку носталгија.

Уникатното цвеќе кое расте само на Акропол

Латинското име му е микромерија акрополитана, и е толку мало што може и да не се забележи среде античките урнатини. Но има интересна историја. 

Бизарната идеја за средовековно оружје - мачки-самоубијци

Прво мислевме дека станува збор за истоимената друштвена игра, Експлодинг китенс. Ама ова било друго. Во историјата на воените прирачници може да се најдат навистина необични и морничави идеи, но малку од нив се толку чудни како замислата за едно вакво оружје. 

Тишината во книжевноста - кога неизговореното зборува најсилно

На прв поглед, тишината изгледа како спротивност на литературата. Книжевноста живее преку зборови – преку внимателно избрани реченици што пренесуваат чувства, мисли и идеи. Затоа лесно е да се помисли дека тишината е празнина, нешто што ја прекинува комуникацијата. Но, токму спротивното е вистина: низ историјата на литературата, тишината често зборувала подеднакво силно како и зборовите.

Чекорот не лаже: начинот на кој одиме открива како сме

Не мора некој да е немтур за да сфатиме дека не е расположен. Понекогаш доволно е само да го видиме како оди. Начинот на кој ги движиме рацете и нозете додека чекориме може многу да каже за нашата емоционална состојба – дали сме лути, тажни, исплашени или расположени. Ново истражување покажува дека токму одењето е еден од најискрените „јазици“ на телото.

Рецепт за најстарата паста за заби во светот

Често мислиме дека современата стоматологија е нешто сосема ново и дека луѓето од античките времиња живееле со расипани заби. Но историјата покажува поинаква слика. Уште старите Египќани и Вавилонци користеле примитивни четки за заби и пасти направени од природни состојки, а некои нивни рецепти биле изненадувачки напредни.

Од Черчил до „Трансформери“: што губиме кога војната почнува да се продава како спектакл?

Начинот на кој политичарите зборуваат за војна отсекогаш откривал многу повеќе од самата воена стратегија - тој покажува какви вредности сакаат да одбранат и каква слика за светот нудат на своите граѓани. Некогаш лидерите ја оправдувале војната со зборови за мир, слобода и достоинство. Денес, сè почесто, сериозните говори се заменуваат со груб јазик, филмски цитати и агресивни пораки што повеќе личат на сцени од акционен блокбастер отколку на државничка реторика. 

Сестрата на Ниче и сонот за „Нова Германија“

Во доцниот 19 век, група германски доселеници тргнала кон Парагвај со амбициозна, но мрачна идеја – да создаде „нова Германија“, изолирана колонија наменета за таканаречената „ариевска раса“. Проектот, воден од Бернхард Ферстер и неговата сопруга Елизабет Ферстер-Ниче, сестра на филозофот Фридрих Ниче, бил претставуван како утописки рај, но брзо се претворил во приказна за сиромаштија, болести, разочарување и пропаст. Иако нивната визија пропаднала уште во 19 век, местото Нуева Германија и денес постои, носејќи го товарот на едно необично и контроверзно минато.

Каква врска имаат кодоши со смокви?

Зборот „сикофант“, кој денес во повеќе јазици е преземен со значење човек што лицемерно им ласка на моќните и богатите за лична корист и кодоши други, има необично потекло и тоа директно од античка Грција и од трговијата со еден од најважните производи за тогашната економија.