Живот и забава

Финансиерите што се усреќија од Џокер

Оригиналниот успех на Џокер беше што студиото успеа да го сними „за само“ 55 милиони долари, подвиг кој одамна се нема случено во Холивуд. Сè понатаму им е ќар.

Не бидете ѓубре, помислете на бившите за Валентин

Не е важно како завршиле работите, важно е дека за овој Валентин имаш шанса да се покажеш дека ти си поголемиот човек и дека си над целата работа со тоа што - за 5 долари ќе крстиш бубашваба по бившиот/бившата.

Дали Нетфликс преплати за Оскарите?

Нетфликс годинава имаше 9.215 членови на филмската академија што требаше да ги убеди да гласаат за 24-те номинации што стриминг платформата успеа да ги избори за финалето на Оскарите. Убедувањето наводно го чинело Нетфликс околу 100 милиони долари.

Мајка професионалец

Соочена со драстично немање меѓусекторска соработка со децата и сопругот по дома, на тема чистење и средување, мајка решава барем да си го истера меракот кога и онака сè сама мора да работи.

Како изгледа победа за стриптизети на Супербол

До глуждови во пари беше крајниот исход на подиумите на некои од стриптиз клубовите во Мајами по завршувањето на Супербол натпреварот во неделата што се одржа на Хард рок стадионот во градот.

Зошто се будите во три ноќе?

Го знаете чувството: ќе се разбудите ноќе со некое чувство дека сте гору-долу наспани а надвор - црна темница. Ќе погледнете саат - допрва е три.

Јужнокорејци конечно ќе бидат обесштетени за претрпена ментална болка

Што би можело да предизвика ментална болка на жителите кои се први комшии на една од најнепредвидливите, до заби вооружени држави низ светот? Кристијано. Роналдо.

Фантастичната измама сервирана меѓу годинешните Супербол реклами

Микелоб е еден од брендовите на пиво што ги произведува истиот конгломерат кој стои зад Бад пивата. За овој Супербол рекламната кампања на Микелоб е дека од продажбата на пиво ќе донираат пари за транзиција на регуларно земјоделско земјиште во органско. По ова следуваа правилата испишани со ситни букви.

Сè што можеме да им понудиме се синџири

Иако наликува како продолжение на некои обвиненија и шпекулации за пракси во македонски психијатриски болници, сторијата доаѓа од многу подалеку, од Гана, поконкретно од рурална Гана, каде луѓе со проблеми со ментално здравје завршуваат со години врзани за бетонски столб или за дрво.

Хиџабот избран за изглед на годината во Шведска

Шведската инфлуенсерка од муслиманска вероисповед Имане Асри беше избрана од шведското издание на Ел магазинот за добитничка на наградата „Изглед на годината“.

10 совети за вирусот од човек кој преживеал 30 епидемии

Се вика Лори Гарет, покрива научни области, добитник е на Пулицерова награда и нема епидемија по светов на која не се појавил за одвнатре да ја посматра. Ова има да го каже.

Коронавирусот се претвори во кошмар за Холивуд

Меѓу 1 и 2 милијарди долари е штетата што Холивуд очекува да ја претрпи откако неговиот втор најголем пазар на светот затвори 70.000 киносали како дел од обидите за спречување на коронавирусот.

Како се журкаат богатите глобалисти?

Давос е само почеток на сезоната на журки на моќните. Од пусти страв случајно да не станат невлијателни, моќните и богатите глобалисти не можат да куртулат од грчот на непрестано "вмрежување".

Ирански бизнис без крај

Фабрика за знамиња во Иран доаѓа до генерациски добитна идеја и воведува клучна промена во бизнис планот во оптек да пушти сосема нов производ - знамиња за палење.

Англија со вакцинација го искоренува ХПВ

ХПВ16 и 18, најризичните канцерогени типови на човечкиот папиломавирус се речиси елиминирани меѓу младите жени во Англија, благодарејќи на успешната масовна вакцинација преку школите. Во вакцинацијата се вклучени двата пола.

4 дневната работна недела функционира

Експеримент на Мајкрософт Јапонија кој меѓу другото вклучуваше работење 4 дена во неделата покажа сериознио добри резултати. Не само што работниците се позадоволни туку и продуктивноста била зголемена за речќиси 40%.

Муабет за фудбал на работа како расад за шовинизам?

Разговорот околу фудбал и општо спорт на работно место ги исклучува жените и доведува до машко однесување како муабетење за сексуални успеси, па заради тоа истиот треба да биде укинат.

Што добиваат музичарите кога ќе освојат Греми?

Изразено во долари, наградите Греми кои штотуку се поделија по 62-ри пат, носат нула долари. Што не значи дека не се исплатат.

Патиките на Најк што ја пореметија дисциплината маратон

Во процедура која е стандардно резервирана за стероиди и нови допинг суплементи, World Athletics (поранешна ИААФ) спроведе истрага дали користењето на Најк Вејпорфлај патиките е исто што и мамење, и како резултат на тоа се очекува да ги промени правилата.

Луѓе, се ладиме

Нашата просечна телесна температура изгледа веќе не е 37 целзиусови степени. Во однос на луѓето од пред 160 години, денес сме некако покул. Ама само под мишка. 

Кога животот ќе ти даде комирани игуани, ти направи ѓувеч?

На Флорида периодов и се случи студен бран како од најкошмарните апокалиптични филмови и температурата на два дена падна под 5 степени Целзиусови (не минус, туку само беше 5 степени). На овие студови милионската популација на игуани почна да паѓа во кататонична состојба, што резултираше со речиси инстантно отворање на подзаборавените рецепти за готвење игуана.

Откриена мистеријата како косата побелува од стрес

Феноменот е познат уште од кралицата Марија Антоанета, а опеан уште од кралот Мухарем Сербезовски. Луѓе од Харвард успеале да го сфатат процесот а можната еволутивна причина зошто е тоа така, ќе им се бендиса на оние со сребро во косите. 

Жената на која нема кој да ѝ ги издепилира јајцата

Не се зезајте, ова во Канада се смета за „лендмарк“ судски случај. Лице кое се претставува како жена закажува депилирање на своите интимни делови кај женски козметичарки, ќе дојде кај нив и ќе им ја падне вилицата кога пред очи ќе им ја истопори својата природна опрема која е скроз (1+2) машка. Овие ќе ја напудат од дуќан а таа после им бара отштета.

Пивото добива уште една благородна титула

Пивото не е само доказ дека Господ нè сака и сака да бидеме среќни. Пивото е и „животно за емотивна поддршка“. Така ги регистрирал своите пива еден Американец и тоа го сторил со една многу разумна, тоест трезвена причина. Со „животно за емотивна поддршка“ те пуштаат и онаму каде што забрануваат влез за обични животни.