Живот и забава

За веганите не треба да важи задолжителна вакцинација?

Британските работодавци што планираат да воведат задолжително вакцинирање за своите вработени, треба од тоа да ги исклучат веганите, е препораката на адвокатите и правните експерти.

Вухан пак ќе ги тестира сите жители

Родниот град на новиот коронавирус најави дека сите жители ќе бидат тестирани откако се појавиле нови случаи на заразени. Станува збор за три односно седум случаи. Во град од 11 милиони луѓе.

Фајзер и Модерна ги поскапеа ковид-19 вакцините за ЕУ

Поскапувањата доаѓаат со новите договори што двете компании ги потпишаа со ЕУ за снабдување со вакцини, и не е некое ситно, симболично, поскапување, туку новите цени се повисоки за околу 30%.

Како професор по физика изгуби опклада од јутјубер

Професорот не е од каде било туку од престижниот универзитет УКЛА а опкладата не за било што туку за закони од физиката.

Кина сред најголемо избувнување на ковид-19 од Вухан

Нанкинг е новиот центар на епидемијата во Кина, од каде ковид-19 се прошири во пет провинции и во Пекинг.

Науко, кочи малку

Франција воведе мораториум на истражување на еден вид протеини, откако настрадаа двајца научници кои работеле со нив.

Вакцинираните сепак треба да носат маски на затворено

Се работи за препорака од американското ЦДЦ, кои тие ја оправдуваат со тоа што делта варијантата на ковид-19 „поинаку се однесува“ во споредба со претходните варијанти.

Научникот кој ги одбрани мастите

Професорот Тим Ноакс своевремено ѝ удира шамар на доминантната прехранбена теорија за користа на јагленохидратите и штетноста на мастите, тврдејќи е тоа така - ама обратно. Половина деценија се води судски процес против него кој на крајот тој го добива. Неговиот случај на некои им личи на она што денес се случува со здравството и фармацијата.

Цигарите целосно треба да се забранат, искрено ваш Филип Морис

Цигарите што ги произведува Филип Морис, а и сите други, треба да бидат третирани како автомобили што работат на бензин кои од 2030 ќе бидат забранети за продавање, е пораката на ЦЕО-то на Филип Морис интернешнл, Јацек Олчак, до британската влада.

На маката кратки и се нозете

Германска репортерка е фатена жива како намерно се валка со кал, за подоцна во програма да може да покаже дека и таа помогнала во чистењето од поплавите.

Фајзер подобро фаќа по одложено ревакцинирање

Кога втората доза е дадена осум недели по првата, Фајзер вакцината многу подобро заштитува од Делта варијантата. Проблемот е што во ова сценарио луѓето треба 2 месеца да седат само со заштита од една доза.

Клептон нема да свири онаму кај што ќе се бара ковид аусвајс

Ерик Клептон најави дека ќе одбива да свири во сали и места каде што ќе се пуштааат само луѓе кои ќе докажат дека се вакцинирани. Може ви делува тоа антиваксерски, ама, замислете Битлси и Стонси да инсистираа да свират само пред публика вакцинирана од заушки.

Азиски крап веќе нема да биде азиски за луѓе да не мразат Азијци

Надежта е дека со тоа што ќе се смени името на рибата која ги преплави американските реки, ќе се намали омразата кон Азијците во САД, а со тоа и насилството врз нив.

Дубаи создава дожд за да се спаси од горештините

Како место во кое летните температури редовно знаат да бидат и над 48 степени Целзиусови, а и како место во кое без проблем со години сред пустина функционира затворен скијачки терен, Дубаи одлучи со дронови и струја да создава дожд. И местимично претера во тоа.

Рибите кои ги прекршија правилата на генетиката

На два вида на риби од северните мориња, изгледа им успеа да пренесат генетски материјал меѓу себе, без парење. Ваков “хоризонтален” трансфер на ДНК до сега е забележан само кај микроорганизми, кај бактериите. За сега, ова откритие се третира како куриозитет во научниот свет, но кој знае, можеби еден ден ќе откриеме дека некои меѓу нашите гени не се “наши”, туку ни ги пренеле, на пример, комарци.

Атенбороу: Оставете лажичка шеќер во дворот

Сер Дејвид Атенбороу предложи едноставен но корисен трик за да им се одолжиме на оние благодарејќи на кои имаме што да јадеме.

Емоџито кое долго го чекавме - труден маж

Емотиконите, тие забавни и ефикасни алатки за онеписменување на луѓето, добиваат засилувања со неколку нови решенија кои треба да го најават времето кое доаѓа. Меѓу нив и маж со стомак, ама не од пиво.

Дебакл на електричните автобуси за јавен превоз

Една ипол година откако во новите, тивки и еколошки автобуи, напредните возила со кои се ветуваше револуција во јавниот транспорт, собираат прашина во депото на Јужнa Филaдeлфија во Пенсилванија.

И СЗО почна да се дистанцира од извештајот за потеклото на ковид-19

Првиот човек на СЗО изјави дека било „избрзано“ што се отфрлила теоријата за протекување на ковид-19 од лабораторија, бидејќи сепак во лаборатории „се случуваат несреќи“.

Половина од новозаболените Британци имаат примено вакцина

Според податоците од една апликација за следење на ковид, 47% од новите случаи на новозаболени од ковид во Велика Британија во себе имаат вакцина. За што се работи?

Почина холандскиот новинар што беше застрелан

По нешто повеќе од една недела во болница откако сред бел ден сред Амстердам беше застрелан во глава, семејството на Питер де Врајс објави дека ветеранот истражувачки новинар им подлегнал на повредите.

Долгиот ковид има преку 200 симптоми

Ковид знае да се претвори во продолжена ноќна мора и да потрае 3, 6, 12 па и повеќе месеци. И додека стандардните прегледи се фокусираат на белите дробови и на кардиоваскуларни тестови, голема глобална студија укажува дека болеста зафаќа дури десет органи.

Лекција од Економист како да најдеш расизам секаде

За престижниот британски економски магазин еден од највоочливите делови од победата на Италија на Еуро 2020 е што во репрезентација од 26 луѓе немало ниту еден кој би можел да се смета за „обоен“, и ова според нив меѓу другото е победа и за Италијанската десница.

Кучкарите со ДНК ќе одговараат за изметот на милениците

Бидејќи и во Израел сите сопственици на кучиња го собираат изметот а тревниците и јавните површини пак се полни со „нагазни мини“ од нивните миленичиња, властите решија да престанат да се објаснуваат и да почна да водат регистар на ДНК на кучиња која ќе може да биде споредена со изметот најден на јавни површини.