Руперт Мардок минатата недела објави дека се повлекува од челното место во Фокс и Њуз Корп. Реакцијата на многубројните непријатели на медиумскиот магнат може да се сумира со пресудата од „Новата Република“, журнал на американската левица. „Руперт Мардок го направи светот полош“, викаат во насловот пред да му посакаат среќен пат и да се пожалат дека нема исправање на штетите што тој ги има направено.
„Не се залажувајте со тоа, на либералната левица ќе ѝ недостасува Руперт Мардок. Тој беше фигурата задолжена да биде мразена и одговорна за повеќето светски зла, но и за сите нивни политички порази последните децении. Кој сега ќе биде виновен кога веќе ја нема Бабарогата Мардок?“, пишува Мајк Хјум.
Не постоеше светска криза за која тој не беше крив.Од ирачката војна до глобалното затоплување. Како стандарден филмски негативец, тој беше виновен и за сите политички порази, од Брегзит до изборот на Трамп.
„Не го обвинувајте Мардок за коронавирусот, ама за сè друго....“ беше нивната порака меѓу редови, од БиБиСи до СиЕнЕн.
„Кого сега левицата и либералниот естаблишмент ќе го сметааат за виновен за сите нивни бељи? Ќе се соочат со сопствената одговорност, постојаното губење на аргументите и неуспехот да изградат ефикасна алтернатива? Не сум сигурен“, вели Хјум.
Тој тврди дека зад елитистичката омраза на таблоидите на Мардок, всушност стои нивната омраза кон масите („небањатите“), кои ги читаат, на кои „од високо“ се гледа како на толпа која лесно се манипулира.