Оземпик добива ново предупредување

По барање на производителот Ново Нордиск а одобрено од американската Агенција за храна и лекови, популарниот лек за шеќер/слабеење Оземпик во иднина ќе доаѓа со уште едно предупредување за несакана појава: блокада на цревата. Судбината на Елвис Присли предупредува дека тоа не е банална работа.

Оземпикот е семаглутид а тој го имитира телесниот хормон GLP-1, кој ги регулира шеќерите и може да го намали апетитот. Иако лекот првично беше одобрен за пациенти со дијабетес, неговиот несакан ефект на губење на тежината брзо го направи сензација на интернет.

Неговата популарност ја направи данската Ново Нордиск највредна компанија во Европа која вреди околу 430 милијарди долари, повеќе од данскиот БДП.

Во Америка и други места е дефицитарен па луѓе посегнуваат по други, генерички верзии на лекот. Ново Нордиск масовно поднесува тужби во обид да го заузда паралелнииот пазар но засега не успева во тоа.

За Оземпик е ново, но сите GLP-1 медикаменти се поврзани со интестинални опструкции и предизвикуваат илеус, збирно име за повеќе знаци и појави на делумна или целосна непроодност на дигестивниот систем. Ако не се лекува, илеусот може да предизвика смрт на делови од цревата, што доведува до сериозни компликации (Хинт: Елвис Присли).

„Ново Нордиск стои зад безбедноста и ефикасноста на Оземпик и сите наши лекови, кога се користат во согласност со етикетирањето на производот и одобрените индикации“, рече портпаролот. „За Оземпик, најчесто пријавените несакани ефекти се гадење, повраќање, дијареа, стомачна (абдоминална) болка и запек“.

***************

Види и:

Ново Нордиск: Допрва ќе ве слабееме

Лекот за слабеење го здебели Ново Нордиск

Штетните страни на магичното слабеење со Оземпик

Во одбрана на Оземпикот

 

 

 

2 октомври 2023 - 11:12