Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Лекот за слабеење го здебели Ново Нордиск

7 септември 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Данскиот производител на лекови стана највредната компанија во Европа, симнувајќи ја од тронот француската групација за луксуз LVMH (Louis Vuitton Moet Hennessy).
  • Берзантскиот бум на Ново Нордиск се должи на глобалната хистерија по нивните лекови за дијабетес, Оземпик и Вегови, за коo многу познати фаци признаа дека ги користат за слабеење.
  • Компанијата сега вреди 428 милијарди долари, повеќе од данскиот БДП.
извор

Никола Димитров и македонското искуство за „пократок пат до ЕУ“

18 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • „Би сакал нашето искуство некому да му помогне да најдат пократок и подобар пат“, им порачува Никола Димитров на надлежните во Загреб и Подгорица кои се најдоа во клинч околу пристапувањето на Црна Гора во ЕУ. 
  • „Знам колку е тешко да се постигне компромис што задира во најчувствителните прашања, а потоа и тој да се брани пред сопствените граѓани. Во истиот град – понекогаш дури и во истиот ден – за едни сте човекот што направил чудо (еве уште не можеме да се изначудиме -н.з.) зачувувајќи го она што е најважно – македонскиот идентитет – додека за други сте некој што отишол предалеку“.
  • Потписникот на Преспански успева да забележи дека откако ветувањата за во ЕУ се изјаловија, „луѓето почнуваат да се прашуваат дали направиле грешка што верувале во договорот“.

 

извор

Бездомник го навредил Ердоган за да преспие во затвор

17 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Бездомник од турскиот град Аланија пред суд признал дека намерно го навредил претседателот Реџеп Таип Ердоган, со цел да биде приведен и да добие храна и кревет во затвор.
  • „Немам каде да престојувам, спијам по депонии“, изјавил 66-годишниот маж на првото појавување пред суд. Признал и дека претходно три пати намерно го навредувал Ердоган, но не го задржале во притвор.
  • Според Членот 299 од Кривичниот законик на Турција, за навредување на претседателот е предвидена казна од една до четири години затвор.
  • Иако овој член постои со децении, неговата примена значително се зголеми откако Турција во 2018 година премина кон претседателски систем.
  • Во периодот од 2016 до крајот на 2025 година, обвинителите отвориле речиси 83.000 предмети за делата навредување на претседателот, знамето и државните симболи, турската нација и државните институции.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Ние би му ставиле петка

Балканштина
2

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Балканштина
3

Златен медал за македонска ракија во Лондон

4

Едно академско прашање

Балканштина
5

Репортажа од Македонија: Ова никако не го очекував

Разно
6

Никола Димитров и македонското искуство за „пократок пат до ЕУ“

7

Дојде време да се укине престапната секунда

Занимливости
8

Игри без граници

Разно
1

Златен медал за македонска ракија во Лондон

2

Никола Димитров и македонското искуство за „пократок пат до ЕУ“

3

Дојде време да се укине престапната секунда

Занимливости
4

Дигиталниот идентитет во ЕУ ќе стане задолжителен пред банките

Свет
5

Бездомник го навредил Ердоган за да преспие во затвор

6

Маск печали и од сопствената добротворна фондација

Бизнис
7

Израелски фирми шпионираат преку онлајн огласи

Технологија
8

Трамп ги откажа трговските санкции за Русија

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Едно академско прашање

Балканштина

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Балканштина

Ние би му ставиле петка

Балканштина

Изгубени во подесувањата

Разно

Репортажа од Македонија: Ова никако не го очекував

Македонштина

Во чест на легендарниот администратор на АМЦ

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Денот на Жането

Грчка је пруга преголема

Ако не памтите, сè ќе ви биде ново

Џинџер Бејкер, терсене

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy