Живот и забава

Дали се претера со војната против пушењето

Од борба против пушење, сега целата работа се претвори во стигматизирање и изолирање на пушачите по сите можни основи. И сите се против нив.

Esurance ги даде милион и пол долари

Компанија за осигурување реши да не се рекламира на Супер Боул и 1,5 милиони долари што ги заштеди да му ги даде како награда на еден Твитер корисник. Се што требаше да се направи е да твитнеш на #EsuranceSave30.

Деца што ќе го упропастат пиењето

Во тинејџерскиот дел од интернетов и социјалните мрежи се појави нешто што се вика #NekNominations - игра во која твоите другари те номинираат да пиеш алкохол во бизарни околности, додека тие сето тоа го снимаат за да го стават на интернет. До сега неколкумина имаат умрено од ова.

Реално шоу махт фрај

Додека јавноста е шокирана од девојката која во реално шоу изгуби 60 проценти од својата тежина, поранешен учесник во популарното шоу во кое победува оној кој ќе изгуби најмногу килограми проговори како е навистина да се биде во едно такво шоу: "Исто како во затвор, само што сите цимери се дебели"

Американски филмови што ги извадија парите во странство

Холивудските студија се крстеа во американската кино-благајна околу тоа колку пари ќе заработи нивниот филм. Меѓутоа со тек на време почнаа да ги забележуваат и парите од странство. Во 2013-та странските кино-благајни спасија дузина филмови кои комплетно пропаднаа во САД.

Народот бара тројки

Група социолози, експерти за демографија, компјутерџии и експерти за математика, решава повторно да си ја направи работата интересна и започнуваат проект во кој ќе ги следат онлајн порно навиките и кој што пребарува.

Кинеската индустрија на швалерки

Нема никаков извоз и целото производство е за локален пазар, а вработува се што е женско, згодно и образовано. Да нема забуна, не е официјална индустрија.

Не е кашмир се што е меко

Карабинерите уапсија 14 луѓе и запленија над милион парчиња облека, затоа што била продавана како кашмир а всушност е направена или содржела крзно од стаорци.

Тепачката што никако нема ништо да реши

Крајно нервозниот рапер DMX, закажа боксерски меч со Џорџ Зимерман, човекот кој беше ослободен од обвинението дека го убил 17-годишниот црнец Трејвон Мартин. Ферката е потврдена и од TMZ.

Не е Дилан ако не те разочара

Боб Дилан некогаш снимаше песни кои беа химни на општествените промени. Денес Боб Дилан снима реклами за Викторија Сикрет и Крајслер. Но, тие што го познаваат неговиот монументален опус знаат дека човекот барем во една работа се нема сменето: во тоа што обожава да ги разочарува фановите. 

Последната тајна на Филип Сејмор Хофман

Цената на држење огледало на оние кои не можат да поднесат да се видат.

Само уште ова ни треба

На морските ѕвезди од западниот брег на Северна Америка им се случува масакр од некоја тотално непозната и бизарна болештина. Не сакате ни да замислите како ќе биде ако и ние се заразиме.

Првата реклама после Супер Боулот

Во одличен пресврт околу целото трошење пари за финалето на НФЛ лигата, Esurance (онлајн компанија за продажба на осигурување) успеа да направи реклама од тоа што не даде пари за реклама на Супер Боул. На крај пак потроши еден куп пари.

Видео потсетување на Хофман

"Драг Филипе, ти прекрасна, прекрасна душо. За најчувствителните меѓу нас, бучавата може да биде пресилна. Биди благословен" напиша Џим Кери простувајќи се од Оскаровецот Филип Сејмор Хофман кој на 46 години беше најден мртов во својот дом, предозиран, со игла во рака. 

Што е со кучињата и рекламите

Бадвајзер, Ауди, Чобани и Шевролет се само дел од компаниите кои решија баснословно скапото време што го купија на паузите од Супер Боулот да го пополнат со кучиња. Човек што се разбира во кучиња и луѓе, објаснува зошто.

На кој Конгресмен ќе се намерачи Бил Мар?

Влијателниот американски либерал, стендап комичар и водител на емисијата Real Time која оди На HBO, си даде задача за оваа година - да избрка некого од Конгресот.

Русите живеат кратко зашто често прават "живели"

Заради масовната љубов кон националната пијачка, секој четврти Русин е во опасност да не поживее повеќе од 55 години.

Никој не чита вести

Микрософт решава да преброи колку луѓе читаат вести на интернет (вести според традиционална дефиниција). Примерокот им е 1,2 милиони Американци. Резултатот им е дека од нив само околу 50.000 (4%) се активни консументи на вести. Останатите 96% нашле нешто друго да читаат.

Лажен Нобел 2014

Бројни новински агенции и медиуми деновиве ја пренесоа веста дека двајца норвешки парламентарци го номинирале Едвард Сноуден за Нобеловата награда за мир. И двајцата преку ноќ станаа познати по вест која е - лажна.

Зошто мрсното е толку вкусно

Вкусот и мирисот ја добиваат целата слава кога е во прашање храната. Маснотиите со целата своја способност за создавање уникатни текстури - крцкави или кремасти - не добиваат ни приближно заслужено внимание.

Ако сакаш да си добар на работа, не одговарај на мејлови од дома

Без да знаете, а уште помалку да сакате смартфоните, ја имаат уништено границата меѓу работата и домот, и ова е лошо, не толку за вас, колку за работата.

Упатство за секс за мажи од Средниот век

По претпоставка дека живееш во 7-от век, си побожен маж (што е многу, многу веројатно) и запознаваш девојка. Последователно двајцата сакате да имате секс. Физички ништо тешко, теолошки доволно комплицирано за црквата да има упатство за тоа.

Принс од 22 фана бара 22 милиона

Принс тужи 22 интернет корисници меѓу кои добар дел сигурно се негови фанови и од секој од нив бара по еден милион долари затоа што му пиратирале снимки од концерти.

Мајки што го гледале Нимфоманка на Вон Триер

Син по професија филмаџија добива 3 влезници за претпремиера на филм на Санденс фестивалот, ама не се знае за кој филм. Со себе ги зема татко му и мајка му, и им објаснува дека гласините се дека ќе биде или Нимфоманка на Вон Тиер или новиот на Вес Андерсон. 50-50. За да биде комплетна семејната забава, се паѓа Нимфоманка. Еве како мајка му го доживеала филмот. (Веројатно има спојлери.)