Живот и забава

Спремни за дигитална детоксикација?

Мобилниот телефон сигурно ви е при рака. Или можеби на него ги читате овие редови. Ве фаќа уплав ако не го гледате околу себе? Ново истражување потврдува дека смартфоните се дрога слична на никотин или алкохол. Апстиненцијата може, но не мора да го подобри расположението.

Замина фронтменот на Њујорк Долс

На 75 години почина Дејвид Џохансен од групата која, кога почна да пржи на почетокот на 70-тите, п од панк немаше на европската сцена. Заедно со Велвет и Стуџис ја обележаа њујоршката сцена во таа деценија иако во првата фаза имаа само два албума. Кога се распаднаа, во Европа допрва почнуваше панкот бидејќи вирусот веќе беше раширен.   

Каубојски грабежи на Дивиот Запад, верзија 2025

Бандити поставуваат заседа, се качуваат на возот, ја запираат локомотивата во пуст дел на Аризона и бегаат со полни торби плен. Само што не е 1875, туку 2025 година. Бандитите не јаваат коњи туку возат камиончиња. Пленот не се сефови полни со пари или злато,  туку патики. Илјадници скапи „најки“.

Во 2011 година запрел растот на животниот век во Европа

Не е ништо ново ако се каже дека лошите животни навики ни го скратуваат животот. Лошо е кога тоа ќе го потврдат научниците со податоци дека просечниот животен век во Европа престанал да се зголемува по 2011 година. Формулата за долговечност останува иста: помалку лоша исхрана, повеќе физички активности.

Падот на УСАИД и глобалната мрежа „независни“ медиуми

Секнувањето на чешмата на УСАИД и паниката која се создаде во глобалниот медиумски пејсаж ја бустираше веќе постоечката криза на терминот „независни медиуми“: како се независни ако се зависни од пари на странска влада? Иако Агенцијата со своите проекти таргетираше странска публика, пораките се враќаа во Америка, овојпат од странски медиуми, како „веродостојни, независни и доверливи“ извори за цитирање.

Ковид вакцина знае да спушти имунитет до ниво на ХИВ

По долги и прилично жестоки дебати и преписки, кавги и јавни жигосувања, нова студија од Универзитетот Јејл потврдува дека вакцини против ковид кај некои луѓе може да предизвикаат несакан синдром што се манифестира со заматување на умот, умор и вртоглавица, но и имунолошки последици.

Дабарите побрзи од бирократијата

Колонија дабари во заштитеното подрачје на планината Брди во близина на Прага во Чешка, неповикани и доброволно завршиле еден клучен државен проект за ревитализација на мочуриштата. Со својата акција, на локалните власти им заштедиле околу 1,2 милиони евра.

Следни за отстрел се Гласот на Америка и Радио Слободна Европа?

Пратеникот на американскиот претседател за специјални мисии, Ричард Гренел, повика на укинување на финансирањето на државните медиуми како што се Гласот на Америка и Радио Слободна Европа. Вели, освен од бирократијата која ја гуши, Европа сега е слободен континент и нема потреба од такви медиуми кои веќе никој не ги слуша. Илон Маск се согласи.

Гинеколог казнет што не прегледал маж што се мисли за жена

Иако Франција има недостаток на гинеколози, еден од нив бил казнет со привремена суспензија од вршење на професијата откако рекол дека е некомпетентен да прегледа маж кој тргнал да менува пол и да транзитира кон жена. „Немам професионални знаења и искуства со мажи дури и кога ќе ги избричат брадите“, рекол казнетиот гинеколог.

Гугл веќе не го занима ДЕИ

На уште едно дувло на најразлични разбудени иницијативи кое гордо ги парадираше своите политики во времето на Бајден деновиве од ведро небо му дојде инспирација дека треба да раскрсти со истите.

Атеизмот не фати баш најдобро кај Ген 3

Помладите генерации се повеќе следат некоја „духовност“ по сопствен избор, и е помалку веројатно да бидат атеисти отколку нивните родители или баби и дедовци.

Џеф Безос побрза да му направи мерак на Трамп

Од корпоративниот сајт на Амазон, вториот по големина работодавец на светот, без трага се збришани сите корпоративни политики на компанијата во кои се истакнуваше како таа се залага за ЛГБТ правата и расната рамноправност.

Милијардер до работниците: Пензионирање на 65 години е луда идеја

Во ера кога пензионирањето изгледа како хоризонт кој сè повеќе се оддалечува, извршниот директор на една од најмоќните компании во светот, БлекРок, има пасив-агресив порака до работниците. Лари Финк вика: Никој не треба да биде принудуван да работи повеќе отколку што сака, но, лудо е да се пензионирате на 65 години.

Осаменоста е поврзана со стотици протеини

Познато е дека осаменоста и социјалната изолација делуваат негативно на вкупната состојба на човекот а едно ново кинеско-британско истражување ја покажува биолошката равенка на таа состојба. Кога ќе чуеме „протеини“, обично имаме позитивни асоцијации, меѓутоа не секогаш е тоа оправдано.

Саудиска Арабија му плати на Ханс Цимер да им ја среди химната

Оскаровецот и еден од најдобрите живи композитори на музика, Ханс Цимер, е ангажиран да работи на химната на Саудиска Арабија и уште неколку проекти во земјата.

Кир Стармер решил да ги брани по секоја цена

Во име на нечија заштита, знаеле да се прават големи бељи. Таква е и оваа намера на британскиот премиер Кир Стармер да ги заштити вработените лица да не бидат вмешувани во дискусии на сензитивни теми на нивните работни места, вклучително и од страна на клиентите. А ако се случи тоа, казнет да биде работодавецот. Навидум ок, ама ај да видиме некои ситуации.

Сега старите се „проблематичната генерација“

Додека младите во богатите западни земји се зависници од мобилни телефони, поанксиозни се од сите претходни генерации и во име на „здрав живот“ се ужаснуваат од експериментирање со супстанци и диви журкања, нивните баби и дедовци се потсетуваат дека се генерации пораснати на секс, дроги и рокенрол. И како што стареат, сè повеќе се враќаат на старите навики.

Сталоне, Мел Гибсон и Џон Војт ќе го оживуваат Холивуд

Доналд Трамп најави планови за оживување на Холивуд кој, според неговото (и нема само негово) мислење, последниве години упорно губи публика и пари и си дозволува да пропаѓа заробен во челуста на родовите и други разбудени идеологии. За таа цел, како прв чекор, именуваше тројца „специјални амбасадори“ кои ќе треба да го спасат симболот на американскиот сон. 

Шпанија ќе се брани со 100% данок на недвижности

Кризата која доведе до тоа Шпанците последниве години да не можат ниту да купат стан, ниту да платат кирија, Мадрид планира да ја решава со воведување на 100% данок за имот купен од лица што не се државјани на ЕУ.

Што па на 633 ви текна? 632 малку беа?

Јапонски локални власти отпуштаат еден свој вработен како дисциплинска казна откако овој 633 пати излегол од работа за да оди во блиската теретана и базен.

Вашингтон пост во минус со публика од 90%

Изминативе четири години, откако дојде Бајден па до денес, бројот на претплатници и читатели на Вашингтон пост е паднат за незамисливи 90%. И другите меинстрим медиуми не се нешто подобро.

Протеински прашок збогатен со олово и кадмиум

Анализа на протеински прашоци открива дека добар дел од производите што регуларно се продаваат содржат „вознемирувачки високи“ нивоа на олово и кадмиум. Најголемиот криминал бил кај растителниот и органскиот протеин, како и производите со вкус на чоколадо.

Саудиски мисици претерувале со ботокс

Над 40 камили биле дисквалификувани од натпреварот за убавина во Саудиска Арабија. Главно поради примање ботокс инекции и други козметички додатоци. Натпреварот за МИС Камила е врв на фестивалот на камили на кралот Абдулазиз, каде во игра се 66 милиони американски долари парична награда.

Барем Белгијциве за попаметни ги мислевме

Белгиската државна агенција за безбедност на храната деновиве мораше да ја опомене домашната јавност дека божиќните дрвја, како вештачки, така и природни, не се за јадење.