Живот и забава

Околу сланината и колбасите што предизвикуваат рак

Светската здравствена организација објави дека јадењето преработено месо (колбаси и сланина) предизвикува рак. Ова се базира на анализа на 800 студии, по што СЗО преработеното месо го става во група 1 канцероген, заедно со цигари и алкохол. Другари, полека малку.

Шпионот што сакаше брендови

Бонд филмовите како една од најбрендираните филмски франшизи, не им простува на компаниите дури ни кога некој бренд станал дел од перцепцијата за главниот лик, па не им воопшто непријатно ако треба мартинито да го заменат за пиво, и покрај бунтот на публиката.

Големите медиуми против народот

Прво беше Сириза во Грција, па изборот на Џереми Корбин во Обединетото кралство, а наскоро истото се очекува и од Подемос во Шпанија, сите три, предзнаци за ширење на обидите за раскинување со неолибералната политика.

Кога старечките домови се места за живеење а не за умирање

Статистичкиот просек меѓу многу стари и многу мали луѓе е зрелост. Токму таква е оваа идеја за среќавање на двата света, но нејзината зрелост не е ни во статистиката ни во просекот туку во можноста да се уживаат моментите кои го прават животот.

Како се случи минималецот од 70.000 долари

Пред да одлучи да воведе минимална плата од 70 илјади долари и да го привлече комплетното внимание на бизнис светот, Ден Прајс, сопственикот на Гравити Пејментс, има средба со еден незадоволен вработен.

Зошто сме навлечени на сирење?

Непишаното правило на македонскиот режим на исхрана вели: "Сирење оди со сè, освен со НЕКОИ видови торти". Зависноста сега има научно објаснување.

Фин филм за некој друг Стив Џобс

Арон Соркин направи интересен филм, ама тој не се однесува на Стив Џобс, пишува Валт Мосберг еден од тројцата новинари со кои Џобс има блиска соработка во текот на животот.

Како Монсанто ја модифицира науката

Приказната за тоа како Монсанто користи угледни научници за својата ПР кауза е приказна за вишок пари и кусок академски интегритет.

О.Н. сè потежок за разбирање

Збирните документи на О.Н. околу климатските промени содржат се подолги реченици и покомплексни зборови, од кога и да било до сега, заклучува анализа заинтересирана за лингвистичката страна на студиите.

Зашто брокула ни за на трезно не е

Согласно непишаното правило дека човек на пијано го прави она што не смее но го посакува на трезно, третина вегетаријанци признаваат дека под дејство на алкохол посегнуваат по нивното единствено забрането овошје - месото.

Јао Минг ги спасува ајкулите

Откако пред 4 години се пензионираше од НБА, огромниот Јао Минг не седи по плажи за да ги крцка парите пиејќи коктели со чадорчиња. Кинескиот кошаркар е посветен на идејата за запирање на бесмисленото убивање ајкули. И забива одлични поени.

18 работи што е добро да се научат на која било возраст

Се однесуваат на тоа како да го распоредите времето на работа, а авторот на текстот го прави списокот како работи кои е убаво да се знаат на 20 години. Старосната граница ја укинуваме затоа што се корисни во секое време, кога и да ги научиш, и затоа што имаат одлично алиби за кога не ти е денот на работа, а одамна си ја заокружил 20-та.

Смартфонот може да регистрира биполарност

Сензорите кои станардно ги поседува секој смартфон можат да служат за мониторирање на промените во расположението на нивниот сопственик и да дијагностицираат ментални проблеми како што е биполарно пореметување.

Таблетa што ќе го замени одењето во теретана

Звучи премногу добро за да би било вистинито но ние мрзливите со задоволство би ѝ дале шанса. Седиш, јадеш а мускулите сами се пумпаат. Па да се видиме на плажа после!

Мамурлак по глава на вработен

И покрај главоболките, мачнината, невидената сила за непотребни пораки или вртење броеви во 4 сабајле, мамурлакот останува една од најштетните нуспојави од запивањето, ама не за тебе туку за твојот газда.

Плејбој се откажува од голотија

62 години по првиот број, еден од уредниците на Плејбој оди на вечера кај се уште главниот уредник Хју Хејфнер, со радикален предлог, да престанат да објавуваат слики од голи жени. 89-годишниот Хефнер се согласува. Од март следната година Плејбој повеќе нема да има голи жени. Ќе има жени, ама не голи.

Јас бев убиен кога имав 27 години

Иако е сосема жив и здрав и сè уште прави музика, човекот кој го познавате како Теренс Трент Д'Арби тврди дека во музичка смисла бил оставен да живее само онолку колку што живееја Џим Морисон, Џенис Џоплин и Курт Кобеин.

Зошто наочарите се толку скапи?

Огромниот избор на различни брендови и модели очила е оптичка илузија. Зад огромен дел од скапотијата што денес се носи на нос како престижно парче мода стои една фирма на чија позиција на пазарот може да завидува и АД Бутел. 

Хемичарот што мисли дека не смрди

Човекот што 12 години се нема избањато, својата одбрана пред светот ја почнува со прашањето "Што мислите зошто коњите по цел ден се тркалаат во нечистотија?"

Свадба, ама не за озбилно

На Аргентинци кои задоволно живеат во неофицијализирани врски, сè почесто им фали свадба. Па сè почесто и решаваат да прават свадба, ама, кобајаги.

Американците пијат нафта

САД се неверојатен потрошувач на енергија. Последниве години ги претица Кина но само во поглед на користењето јаглен. Во однос на нафтата, САД и натаму трошат двојно повеќе од Кинезите. Следува една мапа на која секоја сојузна американска држава е претставена со својот глобален еквивалент во поглед на општата потрошувачка на енергија.  

Ни требаат ли шефови?

Пролетва компанијата Запос, најголемата онлајн продавница за обувки, по наредба на својот ЦЕО, Тони Хсих, ја укина комплетната организациска хиерархија, што значи нема повеќе шефови, менаџери, ниту какви било други титули. Комплетниот ред и поредок се базира на нивниот устав од 10.000 зборови.

Четири типови луѓе што не ги вакцинираат децата

"Колебање околу вакцинација" е термин кој СЗО го дефинира како "одложување на прифаќањето или отфрлањето на вакцините и покрај достапноста на можноста за вакцинација." Тенденцијата овие луѓе да се третираат како противници на вакцинацијата е штетно за сите, пишува Џули Бек во Атлантик.

Скриената нееднаквост меѓу сообраќајните жртви

Сообраќајките навидум косат луѓе строго неселективно и демократски. Но, не е така. Од кола човек некако ќе побегне, од сиромаштија никако.