На кратко прашањето на Бриџет Кристи од Гардијан е како мажите наоѓаат време за афера. На долго, оригиналната верзија е:
"Не може а да не се премногу истрошени од сета 'женска работа' што ја вршат: пеглањето на налепниците со имиња на машните за на училиште и спортските чорапи, рибање на тоалетот пред да дојде чистачката, закажување играње со другарчињата, бирање на подароци за проширеното семејство на сопругата што никогаш не го запознале, светење во задникот на нивните деца барајќи црви, чешлајќи гниди од косата, печење колачиња во три наутро, ползење на четири на патосот во кујната со метла и лопатче чудејќи се од каде се појавиле сите светки и зрна грашок, пасивно-агресивен однос со сите амбициозни мајки пред училишните порти? Во многу случаи сите овие работи сум ги завршила пред 9 часот наутро, и последно нешто на кое помислувам после ова е лажење, криење и прељуба."
Кристи им симнува капа на денешните татковци за тоа што се толку волни да помогнат во обврските околу домот и децата, за разлика од сите претходни генерации (татковци родени пред 1980) кои креваат рачна во моментот кога го стапнуваат дома.
"И сепак очигледно некои од нив успеваат да додадат уште една жена во распоредот. Знам дека маж ми би сакал да има афера, и јас би сакала тој да има, ама едноставно човекот нема ни време ни енергија. Додека да дојде од работа дома, додека избрише прашина од горниот дел од вратата и да ја испразни машината, тој едвај има време да чуе што има ново околу хегемонистичката епистемологија во феминистичкиот дискурс пред да се заспие.
Исто така, живееме во Лондон што е кошмар за паркирање, па со која и да има секс треба да живее во иста зона како нашата, или па секој месец да аплицира за ваучер за гостин со максимален број на дозволени паркирања. И јас сакам секс како и секоја феминистка, меѓутоа дури и самата помисла за забранета врска не е доволна за да ме поттикне да одам до паркинг службата еднаш месечно, за да барам ваучер и да чекам. Не откако истото ова морав да го правам 10 месеци за мајсторите. Од кои ниту еден, ни случајно, не покажа ни најмал знак дека е сексуално заинтересиран за мене, дури ни старите. Ова е апсолутно нечуено. И, ако може да додадам, комплетно непрофесионално. Можеби сепак постигнуваме некако напредок. Или тоа, или јас не стареам толку добро колку што мислев дека стареам," пишува Кристи.
Авторката е комичарка.