"Има пет нови филмови - четири плус Будењето на силата - кои се во различни фази на развој и продукција. По ова ќе има уште филмови. Не знам уште колку; и не знам колку често," изјавил ЦЕО-то на Дизни, Боб Ајгер за БиБиСи.
Изјавите на Ајгер, ги потврдуваат тврдењата на неколку инсајдери кои во ноември беа објавени во Вајард дека приказната за Ѕвездени војни бесконечно ќе продолжи. Тогаш новинарот Адам Роџерс напиша: "компанијата има намера секоја година да вади нов филм за Ѕвездени војни, се додека луѓето купуваат карти. Или вака да ви објаснам: ако за Дизни се' оди по планот, и ако сте доволно стари да сте ги гледале првите филмови за Ѕвездени војни, тогаш веројатно нема да доживеете да го видите последниот. Ова е франшизата засекогаш."
Дизни има подеднакво долгорочни планови и за филмскиот универзум на Марвел, кој најверојатно ќе трае бесконечно.
"Кај Марвел имаш илјадници и илјадници ликови - и ова нема да има крај," изјавил Ајгер.
Следниот филм од Ѕвездени војни (паралелна приказна која не е продолжеток од трилогијата) ќе се однесува на група бунтовници кои ги крадат плановите за изградба на првата Ѕвезда на смртта. Премиерата на Rogue One е на 16-ти декември годинава, а веќе се потврдени гласините дека Дарт Вејдер ќе се појави во филмот.
Специјалните ефекти од Будењето на Силата, тука