Компанијата во април 2016 почна со изградба на Ѕвездени војни паркот во Калифорнија со површина од 56 илјади метри квадратни. Буџетот му е 2 милијарди долари, и деновиве прв пат објавија како напредуваат по речиси 2 години работа. Треба да биде готов во 2019.
Ако имаше една носечка порака последниот филм од Ѕвездени војни, тоа е дека танцувањето ги надминува сите разлики и ги решава сите проблеми. Барем во оваа верзија од филмот.
Последното продолжение на Ѕвездени војни собра над 2 милијарди долари во приходи и тоа само од кино благајните. Пари собраа и сите околу него, посебно играчките.
По зборовите на директорот на Дизни, сагата околу Ѕвездени војни ќе продолжи и по завршувањето на новата трилогија, плус се планира враќање на Хан Соло, ама како 10-годишно момче.
И покрај пребогатите ликови, неповторливата приказна и епските битки меѓу галактички империи, седумте филмови и остатокот на Ѕвездени војни универзумот се резултат на семејната приказна на едно единствено семејство - Скајвокер кланот.
Вчера објавивме линк до статија од Хафингтон во која авторот наведува 40 (вака аматерски гледано) очигледни пропусти во приказната од последното продолжение од Ѕвездени војни. Денес се покајавме. (Нормално - спојлери!)
Од домашна култура ве предупредуваме дека текстот се однесува на најновиот дел од Ѕвездени војни, па не продолжувајте со читање ако не сте го гледале. Конкретно се однесува на обвинувањата дека Абрамс ги ископирал оригиналните Ѕвездени војни и дека новиов филм е само римејк на Нова надеж.
Алтернативна во смисла нема везе со филмот, ама изгледа комплетно автентично ако им читаш од уста. Нема спојлери, сите клипови се од "добрата" трилогија.