Во интервју за Холивуд репортер Абрамс објаснува:
"Беше очигледно намерна одлука да се вратиме назад, во некои делови, за да можеме да одиме напред во некои други важни делови, имајќи предвид дека овој жанр - дека Ѕвездени војни е специфична сјајна мешавина на Џорџ - комбинира секакви работи. Структурата на Ѕвездени војни сама по себе е класична и тестирана и вистинска колку што може да биде. Таа самата е дериват од сите оние работи кои Џорџ толку многу ги сакаше, од најочигледните, Флеш Гордон и Џозеф Кембел, до референци за Куросава и вестерн филмови - сите овие елементи се дел од она што ги прави Ѕвездени војни. Разбирам дека некој може ќе каже 'Ах, ова е комплетна копија!' Меѓутоа она што беше важно за мене е воведувањето на сосема нови карактери користејќи врски кои се базираат на историјата што ја знаме, за да ја раскажат приказната која е нова - одејќи наназад и нанапред. Ние ги наследивме Ѕвездени војни. Приказната за повторувањето на историјата, верувам, беше очигледна и намерна работа, и структурата на запознавање лик кој доаѓа од пустина сред никаде и открива дека таа во себе ја има силата, во која негативците имаат оружје кое е крајно деструктивно меѓутоа на крај е уништено - сите овие едноставни моменти се најмалку важни аспекти на овој филм, тие ја даваат конструкцијата која беше добро докажана уште многу пред да биде искористена во Ѕвездени војни.
Разбирам дека овој филм, според мене многу повеќе отколку оние што следуваат, мораше да се наврати неколку чекори наназад на познат терен, и користејќи ја структурата по која сосема неважни, стануваат важни ликови и ги поразуваат негативците - што пак, и самиот сметам не е некој нов концепт - меѓутоа ова го користи за да направи, според мене, многу поважна работа, односно да ја претстави младата дама, чиј лик претходно го немаме видено и која има приказна што претходно ја немаме видено, да го сретнеме првиот стормтрупер што некогаш сме го виделе и кого го запознаваме како човечко суштество; да ги видиме нив двајца како имаат авантура на начин кој до сега никој немал, со Хан Соло; да ги гледаме овие ликови како одат да најдат некој што е сосема нов лик кој, да, можеби е малечок, меѓутоа е неспоредлив со Јода колку што еден лик може да биде, кој добива шанса да го просвети главниот лик на начин на кој тоа би го направил прекрасен постар учител или дедо или баба, нешто кое потврдува некој систем на верување кој е отфрлен од главниот лик; и да се раскаже приказна за тоа како е да се биде родител и да се биде дете и борбите што ова ги создава - јасно е дека Ѕвездени војни отсекогаш била семејна приказна, меѓутоа никогаш на начинот на кој тука го раскажавме."