Производителот на играчки Хасбро објави дека приходите од продажбата на играчи поврзани со Силата се буди, се многу слични како и во 2005-та, од претходната трилогија на Ѕвездени војни. Тогаш пријавија 494 милиони долари од продажба поврзана со Ѕвездени војни.
Очекувањата на Хасбро е дека исти приходи ќе имаат и годинава по премиерата на Star Wars: Rogue One. Според нивните бројки речиси половина од овие скоро 500 милиони долари се прибрани за време на четвртиот квартал околу премиерата на последните Ѕвездени војни.
Годинава производителите на играчки имаа неколку блокбастери кои ја надминаа границата од милијарда долари, освен Ѕвездени војни, тука беа и Светот Јура, и вториот дел од Авенџерси.
Севкупно Хасбро во 2015-та го зголемил профитот за 9%, од 415,9 на 451,8 милиони, и ова од приходи поголеми за 4% во однос на 2014, од 4,28 милијарди на 4,45 милијарди долари.