Во 2015 растот изнесуваше 17%, за 2016 предвидувањата се раст од 25% и вкупна продажба на легална марихуана од 6,7 милијарди долари на цела територија на САД, вклучително и медицинската марихуана. Според пазарната анализата што ја објавува Тајм, бројките од индустријата само ќе растат до 2020-та, кога се очекува годишната продажба да изнесува 21,8 милијарди долари.
Очекувањата на АркВју се раст од околу 30% во следните неколку години, и наплив од инвеститори и нови бизниси.
Моментално вкупно 4 американски држави комплетно ја имаат легализирано марихуаната за лично уживање, а уште 23 ја имаат легализирано медицинската марихуана.
Најголем удел во завршната сметка и понатаму имаат етаблираните пазари на медицинска марихуана, како Калифорнија, меѓутоа очекувањата се дека најголемиот раст на приходот ќе дојде од новодојденците како Колорадо. До 2020-та, на немедицинското легално уживање марихуана би отпаѓале околу 53% од пазарот.
Растот на продажбата во 2015-та се должи на комплетното легализирање во Вашингтон и Орегон, како и се поголемата продажба на храна со марихуана, која има повисока цена.
Легализирањето на марихуана во останатите сојузни држави е носечкиот столб на предвидувањата на Арквју. Уште есенва се очекува околу 5 сојузни држави да гласаат за легализација, меѓу кои и Калифорнија.