Живот и забава

Ни со 8 часа спиење не го бива

Иако зазема огромен дел од сечиј живот (ако имаш среќа дури и цела третина од животот) сонот е прилично нова научна дисциплина на која научниците работат од пред само околу 70 години.

Германија светски шампион!?

Економист од германската Комерцбанк врз основа на свои симулации, формули и ексели ја прогласи Германија за победник на претстојниот Мундијал. Да не биде претерано „свој на свој“ авторот на анализата е Британец кој работи во лондонското претставништво на банката.

До легализацијата и по неа

Канада деновиве ја легализираше марихуаната и иако секој регион тоа го спроведува на свој начин уличните дилери кои разговараат со Гардијан и не се нешто преплашени за својот бизнис, објаснувајќи – ништо страшно, ние ви носиме до дома, овие ве тераат да одите во продавница.

Европското бело сјае од чистота

Кокаинот на европските улици моментално е на најчисто ниво што бил во последните 10 години, тврдат луѓе кои службено го следат ова.

Твојата работа е булшит и не е битна за ништо

За разлика од многумина кои се занимаваат со проекции на стравот дека роботите ќе ни ги земат работните места, професор Дејвид Гребер порачува дека на тоа опција треба ѝ се радуваме, бидејќи премногу човечки животи се трошат на бесмислени работни места. Гребер предава антропологија на Лондонската школа за економија, еден е од препознатливите гласови на „Окупирај го Вол Стрит’ и човек кому му се припишува слоганот „Ние сме 99%“.

Излечен рак на дојка во доцен стадиум, без баење

Откако класичната хемотерапија не го сопрела ракот на дојката а тој се пренел и на црниот дроб, врз една жена е применета експериментална имунотерапија која комплетно ја исчистила од канцерогени клетки. Ги одбрале нејзините најсилни чувари, ги размножиле до 80 милијарди и ѝ ги вратиле во организмот да се тепаат со непријателот. 

Молете се комшијата да не затвори кладилница

Ова ново „да му умре ливчето на комшијата“, не е за негово лошо туку за ваше добро. Доказите се нумерички необориви: блиските комшии на оние што добиле јака премија на лото, бинго и слична игра на среќа, финансиски крахираат со стапка многу поголема од нормалната. Причината за тоа е многу људска.

Крсте има нов албум

Собрал извонредни ем разиграни џез музичари од Њујорк (Мери Халворсон на гитара, Томас Фуџивара на тапани...), го викнал прочуениот продуцент Бил Ласвел (Херби Хенкок, Иги Поп, Моторхед) да го измикса нивното палавење во студио и ете го третиот албум наречен The rabbit and the fallen sycamore. Првиот сингл е фасцинантно добар. Жими најмило, жими најдраго, жими Крсте Роџевски.

Почина Синан Сакиќ

Јасно е дека самото спомнување на Синан Сакиќ, кај добар дел од свилените 'урбани интелектуалци' ќе предизвика дигање веѓи, згрозување и други манифестации на нелагодност. Ама баш затоа....

Учете ги децата да пцујат

Има ќеиф кога сериозни научни ликови, со сиот авторитетен научен багаж зад себе, ве уверуваат дека некои социјални норми треба да се кршат уште од најмали нозе. На пример дека истребувајќи ги пцовките од вашата околина, го сакатите емотивниот арсенал со кој располагаат вашите деца. Прочитајте ја цела вест. Џабе ли ја пишувавме, пичка ли му мајчина!

Хамбургер е она без кашкавал, јасно?

Хамбургер е без кашкавал. Кога на хамбургер ќе му ставиш кашкавал, тоа е чизбургер. Со тужба од 5 милиони долари, двајца американски фанови на хамбургер (без кашкавал) сакаат на оние од Мекдоналдс да им го утуват во глава овој семантички и суштински факт. 

Зошто бе дедо комплицираш?

Човекот кој го гледате на сликата сака да се откаже од пушење, но не е тоа веста. Веста е дека тоа го сака на 114 години.

Грците се олош како и сите други

"Грција е една од најубавите земји што сум ги видел, но за жал, окупирана е со Грци. Уште го имаат тој глуп комплекс на супериорност, со своите моќни антички предци и 2000 години старата цивилизација. Кога сето тоа ќе се помеша со недостатокот на образование, добиваме неподнослив народ што заморува..."

Гастарбајтерски индекс 2018

Во годишниот извештај „Мапирање на светските цени“ Дојче банк има посебна категорија посветена на рангирање на градовите низ светот според просечната плата на работниците, што им е уште една од метриките за одредување на богатството на еден град.

Писмо од Белата куќа добило двојка по англиски

Пензионирана американска учителка добила писмо од Белата куќа. Фатила да го поправа и на крај им го вратила, со порака: „Јас неписменост не трпам“.

Зошто Елон Маск реши да ги проверува вестите

Покрај се што во моментов му се случува на Маск, сè што е измеѓу копање тунели под Лос Анџелес до патување во вселената, човекот одлучи дека е време да се вмеша во медиумите и да започне компанија што ќе работи на одвојување на „лошото новинарство“ од вистинското новинарство. Компанијата ќе му се вика - Правда (во оригинал: Pravda).

Што ќе ни е онолкав мозок?

Иако за конкретни луѓе кои ги знаеме тоа ќе ни остане вечна дилема, на поопшто ниво стигнуваат некои објаснувања. Од една страна, можно е да имаме голем мозок за да можеме да решаваме комплицирани работи. Но другата можност е уште поинтригантна, дека баш затоа што имаме толкав мозок - комплицираме.

Почна трансплантација на сеќавања

Се работи за полжави, кои, после научна интервенција, почнуваат да се сеќаваат на нешто што никогаш им се нема случено. Целата работа е во зародиш но нелагодно личи на епизода од Блек Мирор.

Отпадот од кафе стана поскап од самото зрно кафе

Лушпата од кафе која одгледувачите со генерации стандардно ја претвораат во природно ѓубриво ама почесто ја фрлаат во отпад, по сосема неочекувано откритие на една одгледувачка од Ел Салвадор се претвори во суво злато за фармерите.

Син се од детска корнеше

Брачен пар од Њујорк поднесе тужба во која се бара иселување на непожелниот гостин што им живее дома - нивниот 30-годишен син.

Туристи нон грата

За претстава колку на локалците им се смачени сите јабанџии што им шпартаат по град, замерката на противниците на планот на градоначалникот за ограничување на бројот на туристи што влегуваат во Венеција е дека тој не е доволно ригорозен.

Германски весник отпушти карикатурист заради карикатура со Нетанјаху

Одлуката на Зидојче цајтунг е по основа дека во карикатурата на израелскиот премиер се користени „анти-семитски клишеа“. На ваквата одлука реагираше Турција, потсетувајќи дека кога тие им префрлиле на Германците за карикатура на Ердоган од истиот автор, тој бил бранет по основа на слобода на говор.

Зошто само ние да сме извадени од памет

Ова нешто е (наводно) 9-годишно девојче по име Лил Теј, и ако до сега не сте чуле за неа извините што ви ги нарушуваме мирот.

Да ми се мавнете од пред очи со тоа среќата

Пораката од Русинка за која се тврди дека има 128 години и е најстариот човек на светот е: еден единствен ден не сум била среќна во животот.