Луѓе од лондонскиот Универзитетски колеџ утврдиле дека луѓето од маргините на политичкиот спектар главно ја преценуваат својата сигурност и во случаи кога погрешно одговориле на прашање. Се разбира, прашањата не биле поврзани со политика (оти така крај нема на расправата) туку на учесниците им била понудена едноставна игра, да проценат колку точки има на одредени фотографии.
Студијата се обидела да ја измери мета-когницијата, односно способноста да се препознае кога се греши а научниците сакале да утврдат дали догматските политички уверувања се последица од претерана самодоверба или пак се работи за кусок мета-когниција.
На две групи со 400 испитаници на кои претходно им биле позиционирани политичките и идеолошки ставови, им биле давани две фотографии, со задача да проценат која има повеќе точки.
„Утврдивме дека луѓе со радикални уверувања имаат полоша мета-когниција од оние со умерени ставови. Таквите лица често се неосновано сигурни во своите погрешни стаови и пружаат отпор за нивна промена дури и кога ќе им се докаже дека грешат,“ вели водачот на студијата, Стив Флеминг.
Студијата сепак признава дека кусок мета-когниција може да се најде и во сите други делови на политичкиот спектар.