Излезе вашата нова книга колумни, кои често се нарекуваат „контроверзни“ и „шокантни“. Како се носите со тие епитети?
Одамна сум помирена со фактот дека живеам во земја на идиоти. Овде си „шокантен“ и „контроверзен“ кога ќе кажеш, напишеш или на некој свој начин се бориш за вистината. Баш сите во Хрватска, освен оние што си отидоа, ги затвораат очите пред животот што го живееме ние, обесправеното мнозинство. Во парламентот ни седат осомничени воени злосторници, напалени Хрватишта, полуписмени кретени, амбициозни нацисти, гласни дивјаци што не ги разбираш бидејќи зборуваат на, за тебе, странски јазик. Лекарите „убиваат“ деца бидејќи не знаат да препознаат стрептокока, судијка осудува сатиричари бидејќи не знае што е сатира, убивањето жени и натаму е омилен „спорт“ на хрватските мажјаци. Триесетина години откако постои ова срање што се вика Хрватска, никогаш никој од „малите луѓе“ не му пукнал глава на некој од сопствениците на нашите животи. И после кога јас нешто ќе напишам за срањето во кое живееме, ме прогласуваат за шокантна. Хрватскиот народ е народ од курац и народ за курац. А јас не сум шокантна. Затоа ми се ебе што некој за мене пишува или мисли. Ебени губитници.
Мислите дека на луѓето денес им е тешко да ја слушнат вистината и зошто?
Веќе реков, можам да повторам. На Хрватите им е тешко да ја слушнат вистината бидејќи се кукавици. Бегаат наместо да ги запалат банките, „да ги набијат на колец“ корумпираните судијки и судии, да упаднат во парламентот и да ги растераат гадовите што зборуваат бесмислици и тоа го наплатуваат во суво злато. Наместо да се фатат за работа, со опашката меѓу нозе, Хрватите бегаат по Ирски. Денеска прочитав дека, хаха, ќе исчезнеме. Кој ќе исчезне? Преплашените говна што залудно бараат работа или работат за цркавица и онака не постојат, богаташите што им ја поклонија Хрватска на странците за незамисливи провизии нема да исчезнат, само ќе се отселат на подобра локација. Сето ова што ни се случува не е Божја волја. Хрватскиот народ е опседнат со кукавичлук, со стравопочит кон своите злоставувачи и потребата што му е упечена во гените, сакам да бидам говно до крај.
Што мислите како јавноста ќе ве доживуваше да бевте машко?
Вам очигледно не ви влегува во глава дека мене ме заболе за „јавноста“, ама сепак ќе ви одговорам на прашањето. Да бев „машко“, исто ќе ме доживуваа. Во Хрватска живеат неколку мажи што зборуваат како мене, и тие се „шокантни“ и „контроверзни“.
Често ги советувате младите да заминат од Хрватска. Зошто?
Поради сево ова што ви го зборувам. Имаме три деца, за жал, само едно живее надвор и само тоа може да живее од она што го работи. Младите луѓе ги труе смрадот што овде го дишат. Ги фрустрира фактот дека не можат да преживеат ни кога работат, истовремено нивните привилегирани врсници, синовите и ќерките на нашите тајкуни и останатите разбојници, бесрамно се расфрлаат со парите што нивните татковци ги украле. Хрватска е мала, таканаречена земја. Секој од нас знае како кој дошол до пари. На младите им е неподносливо дека овде цел живот ќе треба работат само за да можат да преживеат додека родителите не им цркнат и после да ја добијат недвижноста што родителите им ја стекнале во социјализмот. Истовремено деца на водоинсталатери и шофери на автобуси од 91-ва, деца на лопужите што седат во Саборот, воени злосторници од секакви профили, се башкарат по јахти, живеат со вили и скапи автомобили, на зебри убиваат деца на сиромаштија. Можеби е така и во Ирска, но полесно е кога злосторниците не ги познаваш.
Младите генерации често се прозиваат како мрзливи, размазени, опседнати и заглупавени со технологија.
Ова срање во кое живееме не го уништија ни младите ни помладите. Нè сјебаа луѓе во најдобри години. Што би требало младите да прават во Хрватска? Работа немаат, иднина немаат, сегашноста ја презираат. Старите што владеат со оваа земја би морале да бидат среќни што младите си играат овде. Што ќе биде ако престанат да си играат игрици и тргнат да палат дворци, јахти, автомобили, Саборот, црквите, судовите, школите, болниците и сета останата трулеж во оваа земја?
* целото интервју, на Бука