Хуавеи ја копира Европа, зграда по зграда

Кинезите веќе долги години имаат пракса да одберат европски град што ги бендисува на око, и да направат негова идентична функционална копија во Кина. Хуавеи целата работа ја крева на повисоко ниво, па новиот кампус во Кина го прави исклучиво со клонови на населби од европски градови.

Кампусот на Хуавеи во 8 милионскиот Дунгуан е составен од 12 „гратчиња“ именувани и направени според европски градови.

Европа на Хуавеи меѓу другите е составена од делови од Гренада, Париз, Верона, Бриж и Чешки Крумлов, дворецот Хиделберг од Германија и мостот на слободата од Будимпешта.

Кампусот се простира на површина од 9 километри квадратни, а од капацитетот од 25.000 вработени, до сега таму има околу 17.000. Седиштето на Хуавеи во Шензен моментално сместува 50.000 вработени.

Во рамки на кампусот функционира и трамвај кој служи за превоз на вработените од „еден град до друг“, плус такси служба и булевари со 4 ленти.

Here's what Huawei's 'Ox Horn' campus looks like – a cluster of European cities from CNBC.

 

17 јануари 2019 - 13:27